Википедија:Викикамп Брајчино 2017
Викикамп Брајчино 2017 — викикамп којшто се одржува во селото Брајчино во периодот од 8-10 септември 2017 година. Викикампот имал за цел преку дружба во природа да ги запознае учесниците со уредувањето на Википедија, подигањето фотографии на Заедничката Ризница, проектите коишто се спроведуваат за промовирање на проектите и организирањето на теренски истражување. Учесниците биле одбрана врз основа на покажаниот интерес преку пополнување на образец за учество на викикампот.
Програма
уредиПеток, 8 септември
уредиВреме | Активност |
---|---|
08:00 | Поаѓање од Скопје |
08:30 | |
09:00 | |
09:30 | |
10:00 | |
10:30 | |
11:00 | |
11:30 | |
12:00 | |
12:30 | |
13:00 | |
13:30 | Ручек |
14:00 | |
14:30 | Сместување |
15:00 | |
15:30 | Вовед и запознавање |
16:00 | Што е Википедија? |
16:30 | Уредување на Википедија |
17:00 | |
17:30 | Викидоџо |
18:00 | Прошетка низ Брајчино |
18:30 | |
19:00 | Вечера |
19:30 | |
20:00 | Вечерни активности |
20:30 | |
21:00 | |
21:30 | |
22:00 | |
22:30 | |
23:00 | |
23:30 | |
00:00 |
Сабота, 9 септември
уредиВреме | Активност |
---|---|
08:00 | Појадок |
08:30 | |
09:00 | Работни групи: Истражување во Љубојно |
09:30 | |
10:00 | |
10:30 | |
11:00 | |
11:30 | |
12:00 | |
12:30 | |
13:00 | |
13:30 | |
14:00 | Ручек |
14:30 | |
15:00 | |
15:30 | |
16:00 | Ризница |
16:30 | |
17:00 | Подигање фотографии на Ризницата |
17:30 | |
18:00 | Уредувачки маратон |
18:30 | |
19:00 | |
19:30 | |
20:00 | Вечера |
20:30 | |
21:00 | Вечерни активности |
21:30 | |
22:00 | |
22:30 | |
23:00 | |
23:30 | |
00:00 |
Недела, 10 септември
уредиВреме | Активност |
---|---|
08:00 | Појадок |
08:30 | |
09:00 | Работни групи: Истражување во Брајчино |
09:30 | |
10:00 | |
10:30 | |
11:00 | |
11:30 | |
12:00 | Подигање фотографии на Ризницата |
12:30 | |
13:00 | Уредувачки маратон |
13:30 | |
14:00 | Ручек |
14:30 | |
15:00 | Затворање на кампот |
15:30 | |
16:00 | Враќање во Скопје |
16:30 | |
17:00 | |
17:30 | |
18:00 | |
18:30 | |
19:00 | |
19:30 | |
20:00 |
Извештај
уредиПеток, 8 септември
уредиКако збирно место за учесниците бил одреден паркингот пред Пошта 2 во Скопје, од каде што комбето требало да тргне во 8 часот. Откако Кирил и возачот претходно се погрижиле за складирање на сета логистичка поддршка во комбето, веднаш се упатиле кон паркингот за да ги качат останатите учесници, па потоа точно на време се упатиле кон Брајчино. Кратко по поаѓањето била изменета првичната маршрута за патување преку Охрид и било одлучено да се помине низ Кичево и Битола, каде што било предвидено да се качат уште четворица учесници. Со пауза во времетраење од околу дваесетина минути на превојот Стража, две застанувања за качување на тројца учесници во Кичево и еден учесник во Битола, комбето пристигнало во Брајчино некаде околу 13 часот. Откато сите учесници се согласиле, најпрвин било одлучено да се послужи ручекот, а потоа било одредено време за сместување.
Програмските активности во текот на првиот ден започнале некаде околу 15:30 со кратко претставување на сите учесници, по што Тони започнал со предавање на тема „Што е Википедија?“ во насока на запознавање на учесниците со основите на проектот, како се создава корисничка сметка, како се вршат промени, кои кориснички групи постојат, каде се следат скорешните промени итн. Оние учесници кои немале корисничка сметка истата ја создале на крајот од предавањето. Следела работилница на тема „Уредување на Википедија“, во која учесниците биле запознаени со основите на уредувањето преку нагледниот уредник. Како материјал за уредување било искористено делото „Реките во Република Македонија“ од Илија Петрушевски и Благоја Маркоски, при што секој учесник уредувал по една нова статија со помош на знаењето коешто го стекнал за уредувањето. Последната активност во склоп на програмата била играта Викидоџо, во која учесниците уредувале статија за македонската пејачка Ерзана.
Откако програмските активности за првиот ден завршиле некаде околу 18 часот, учесниците се поделиле во неколку групи и се упатиле на прошетка низ селото и до Брајчинскиот манастир. Во 19 часот била послужена вечерата, а првиот ден завршил со забава на плажата Дупени Бич на Преспанското Езеро.
-
Атмосфера за време на уредувањето
-
Тони за време на предавање
-
Лаптопи со материјал за уредување (лево) и статија во фаза на уредување (десно)
-
Учесниците на викикампот за време на предавање
Сабота, 9 септември
уредиВториот ден започнал со собирање на учесниците на појадок во 8 часот, по што денот продолжил со истражување во соседното село Љубојно. Учесниците биле поделени во три работни групи, предводени од страна на Тони, Ико и Кирил, и истражувале на темите: архитектура, природа, и храна и археологија. Целта на оваа активност била учесниците да се запознаат со начинот на кој се организираат експедициите, материјалите кои обично се прибираат и фотографиите што се прават. По враќањето во Брајчино и паузата за ручек, активностите продолжиле околу 16 часот со предавање на тема „Ризница“, во кое Тони накратко го објаснил проектот и начинот на кој се подигаат фотографии. Во претстојните неколку часа следувале две работилници, во кои учесниците најпрвин ги подигнале направените фотографии во текот на денот, а потоа истите ги искористиле преку додавање во статии на Википедија.
Работните активности за вториот ден завршиле некаде околу 20 часот, по што била послужена вечерата и денот бил завршен со друштвени игри и музика во живо.
-
Учесниците во групата за истражување на архитектура
-
Тони и Стефани за време на теренско истражување
-
Баба Ристосија за време на посетата од страна на групата за истражување на храна и археологија
-
Подготовка на ајвар
-
Брајчинска река низ с. Љубојно
Недела, 10 септември
уредиСлично како и претходниот ден, последниот трет ден од викикампот започнал со појадок во 8 часот, по што следувале тричасовни истражувачки активности во селото Брајчино и неговата околина. Учесниците повторно биле поделено во три работни групи, предводени од Тони, Ико и Кирил, но овој пат истите биле во различен состав. Првата група се упатила кон селото, втората кон Брајчинскиот Крст, а третата кон црквите Св. Богородица и Св. Илија. Направените фотографии по завршувањето на истражувачките активности биле подигнати на Ризницата и биле додавани во статии на Википедија како и во текот на претходниот ден. Следувала паузата за ручек, а викикампот бил затворен со групна фотографија на учесниците. Комбето тргнало кон Скопје по истата маршрута нешто по 15 часот, при што во селото Љубојно се качиле Стефани и Ико, кои пред тргнувањето се упатиле до фабриката за производство на јаболкови производи Кабис. Со застанувања по пат во Битола и Кичево, кратка пауза на превојот Стража и неколку застанувања во Скопје, комбето пристигнало на паркингот пред Пошта 2 некаде околу 20 часот.
-
Учесниците во групата за прошетка низ селото
-
Икони во црквата Св. Богородица
-
Брајчински Крст
Учесници
уредиВо табелата во продолжение е направен список на учесниците на викикампот заедно со нивниот придонес.
Бр. | Учесник | Придонеси | |
---|---|---|---|
Статии | Фотографии | ||
1 | Kiril Simeonovski (В) |
|
11 |
2 | Ehrlich91 (В) |
|
37 |
3 | Fikowski3000 |
|
19 |
4 | Phoenixlecters |
|
3 |
5 | Durgutov |
|
— |
6 | Николовска.С | 12 | |
7 | Гитаристот | 14 | |
8 | KolevskA | 8 | |
9 | Velbam |
|
15 |
10 | Maria.maria.maria | — | 4 |
11 | Наташа Величковска | 23 | |
12 | Baggins1990 | — | |
13 | Nikodinovska |
|
4 |
14 | Frosina.Stojanovska | — | |
15 | Firnein | 23 | |
16 | Сезнајко (В) | — | — |
17 | Chameleon021 | — | — |
— | Викидоџо (од корисничката сметка на Ehrlich91) |
|
— |
- (В) — водач на работна група
- (Н) — новосоздадена статија
- (П) — подобрена статија
Статистика
уредиВо табелата во продолжение е направен преглед на остварените мерки на успешност од кампот.
Мерка | Опис | Резултат |
---|---|---|
Создадени статии | вкупен број на создадени статии на Википедија | 21 |
Подобрени статии | вкупен број на подобрени постоечки статии на Википедија | 23 |
Подигнати фотографии | вкупен број на подигнати фотографии на Ризницата | 173 |
Вклученост на заедницата | вкупен број на различни учесници на кампот | 17 |
Надворешни врски
уредиФотографии од викикампот
уреди- Викикамп Брајчино 2017 на Ризницата ?
Медиумски објави
уреди- Викикамп Брајчино 2017, пријавувањето е во тек, Радио МОФ, 20 август 2017.
- Одржан првиот вики-камп во Македонија, Макфакс, 13 септември 2017.
- Прв „Вики-камп“ во Македонија, Сител, 13 септември 2017.
- Прв „Вики-камп“ во Македонија, Канал 5, 13 септември 2017.
- Одржан првиот вики-камп во Македонија, Канал 77, 13 септември 2017.
- Прв „Вики-камп“ во Македонија, А1он, 13 септември 2017.
- 15 млади се обучија за уредување на статии на Википедија на македонски јазик, Плусинфо, 13 септември 2017.
- Одржан првиот вики-камп во Македонија, Актуелно24, 13 септември 2017.
- Прв „Вики-камп“ во Македонија, МТМ, 13 септември 2017.