Ајвар
Ајвар — посебен вид на салата, направена од црвени пиперки. Ајварот е еден од највкусните специјалитети и најголемите тајни на балканската кујна, кој води потекло од Македонија.
Македонски ајвар | |
Дел од оброкот | мезе, предјадење |
---|---|
Регион | Балкан |
Главни состојки | пиперка, лук, феферони, и модар патлиџан |
Варијанти | повеќе |
Ајварот се припрема на традиционален начин (на отворен простор — пиперките се печат на шпорет на дрва), поради што потребна е доста напорна рачна работа. Најчесто се подготвува кон крајот на летото и во почетокот на есента. Во текот на подготовката, најпрво црвените пиперки (кои може да бидат и лути и благи) се печат, а потоа се ставаат во пластични ќеси за да набабрат, зашто на овој начин потоа полесно може да се излупат. Потоа следува внимателното лупење, при кое треба да се отстранат семките и собирањето во мрежести вреќи во кои пиперките ја поминуваат ноќта. Следниот ден тие се сечат на ситни парчиња, мелат и пржат на тивок оган. Треба да се забележи дека различни семејства, различно го подготвуваат својот ајвар. Така, некои во смесата додаваат мелени домати, некои моркови, а најчесто се користи модриот патлиџан како најефективен додаток на традиционалниот ајвар.
Најдобриот ајвар се произведува во домаќинствата, зашто само преку внимателна рачна работа може да се постигне целосно отстранување на лушпата и семето од пиперката што го гарантира чистиот вкус на ајварот. Тој е редовен и постојан дел од зимницата зашто најлесно се конзервира и најдолго може да опстои во зимскиот период од годината.
На Балканот, постојат и неколку индустриски производители на ајвар кои, поради многу распространетата домашна подготовка, најчесто располагаат со многу скромни производствени капацитети:
- Дием-ГП, Гевгелија, Република Македонија
- Випро, Гевгелија, Република Македонија
- Витаминка, Прилеп, Република Македонија
- Витаминка, Бања Лука, Босна и Херцеговина
- Вегафрут, Босна и Херцеговина
- Подравка, Хрватска
- Дрога Колинска, Словенија
- Ета, Словенија
- Penguen, Турција
Галерија
уреди-
Ајвар во подготовка
-
Ајвар зимница
-
Ајвар и леб
-
Ајвар,леб и сирење
-
Ајвар и леб
-
Подготовка на ајвар
-
Ајвар и леб
-
Ајварче и лепче
-
Ајвар со додатоци
Наводи
уреди
Надворешни врски
уреди- Почна сезоната на подготвување на ајвар - опширен текст во весникот Шпиц.
- Производство на ајвар во Витаминка. Архивирано на 28 септември 2007 г.
- Ластавица - производство на ајвар. Архивирано на 6 октомври 2007 г.
- Рецепт за приготвување на ајвар (Англиски)