Википедија:Експедиции
Експедиции — група на поврзани проекти на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик чијашто цел е преку теренска работа за истражување и обезбедување на материјали да се подобрат постоечките и да создаваат нови статии за населени места, географски региони, природни подрачја, археолошки наоѓалишта, земјоделство, како и културно-историски знаменитости на целата територија на Македонија на македонски јазик преку организирани посети од страна на активните корисници и уредувачи, како и самите членови на здружението.
Во мометов активно се спроведуваат следните видови на експедиции:
- Викиекспедиции (од 2015 година);
- Археоекспедиции (од 2015 година);
- Астроекспедиции (од 2015 година);
- Велоекспедиции (од 2016 година);
- Геоекспедиции (од 2016 година); и
- Агроекспедиции (од 2017 година).
Видови на експедиции
уредиВикиекспедиции
уредиВикиекспедиција е организирана посета на населени места во одделни географски региони заради обезбедување на информации и фотографии, создавање на нови статии и подобрување на постоечките за посетените населени места и географски региони, како и знаменитостите што се наоѓаат во нив.
Археоекспедиции
уредиАрхеоекспедиција е организирана посета на археолошки наоѓалишта и наоѓалишта заради обезбедување на материјали и фотографии, создавање на нови статии и подобрување на постоечките за посетените археолошки наоѓалишта и наоѓалишта, како и за артефактите пронајдени на нив.
Астроекспедиции
уредиАстроекспедиција е организирана посета на астрономски локалитети чијашто заради обезбедување на материјали и фотографии, создавање на нови статии и подобрување на постоечките за посетените астрономски локалитети, како и набљудуваните астрономски објекти и појави од нив.
Велоекспедиции
уредиВелоекспедиција е организирана посета на населени места и подрачја со отежнат пристап заради обезбедување на информации и фотографии, создавање на нови статии и подобрување на постоечките за посетените населени места и подрачја, како и знаменитостите што се наоѓаат во нив.
Геоекспедиции
уредиГеоекспедиција е организирана посета на природнo-географски подрачја (планински венци, клисури, пештери, езера, реки, извори, подрачја на природни реткости - мочуришта, блата) заради обезбедување на информации и фотографии, создавање на нови статии и подобрување на постоечките за посетените природни подрачја со сите нивни географски одлики, како и растителниот и животинскиот свет што е застапен во нив.
Агроекспедиции
уредиАгроекспедиција е организирана посета на земјоделски подрачја заради обезбедување на информации и фотографии, создавање на нови статии и подобрување на постоечките за земјоделски растенија и култури и добиток кои се одгледуваат, земјоделски работи, дејности и земјоделски циклуси (орање, сеидба, жетва, берба, гроздобер, цутење, зреење, стриг), земјоделска механизација, машини и алати/орудија, земјоделски преработки и видови на готови преработени домашни и индустриски прехранбени производи.