Рок-музика во Македонија
Македонскиот рок датира од раните шеесетти, при што во тој период се формирани бендови кои со големи потешкотии се пробиваат на тогашната македонска музичка сцена во рамките на поранешна Југославија. Најголем подем доживува од седумдесеттите до деведесеттите години од XX век, додека од крајот на минатиот па до почетокот на XXI век, се развива таканаречена „алтернативна“ или „underground“ сцена во Република Македонија. Оваа сцена ги опфаќа скоро сите субжанрови на рок-музика, вклучувајќи ја и метал музиката, и современи жанрови кои постојат напоредно со рок-музиката.
1960-ти
уредиЕден од бендовите кои успеале да се афирмираат меѓу првите е групата „Бис Без“, кои биле под силно влијание на легендарните Битлси. Формирани се во 1964 како резултат на спојување на веќе постоечките бендови „Бисери“ и „Безимени“.
1970-ти
уредиВо периодот на 1970-тите биле формирани групите Пу, Ден за ден, Мадригали, Лева Патика (бенд), Триангл, Автограм и други. Повеќето од нив биле хард рок, прогресивен рок, фолк рок, џез рок и фанк рок. Кон крајот на 1970-тите се популаризира панк рокот. Најважни претставници на овој правец се групите Бадминтонс и Сарацени, предводени од Владимир Петровски-Картер. Подоцна тој ја формирал групата Александар Македонски. Во развитокот на правецот нов бран (New Wave) учествувале „Цилиндар“, „Токму така“ и „Уста на уста“. Во овој период се формирале и „Леб и сол“, едни од најуспешните македонски рок групи, а меѓу најпознатите хард рок групи се „Конкорд“ и „Карамела“.
1980-ти
уреди1980-тите се можеби најуспешниот период на македонската рок-музика. Меѓу најпознатите бендови од овој период се Бастион, Хаос ин Лаос, Меморија, Анастасија, додека пак култните македонски бендови Мизар, Архангел и Падот на Византија оставиле веројатно најголем белег во македонската рок-музика.
Кон крајот на 1980-тите, под водство на Љубиша Петрушевски, во Куманово се појавило музичкото списание „ММ“ чиј прв број се појавил во мај 1989 година.[1]
1990-ти
уредиВо 1990-тите се популаризирал хеви металот. Најзначаен претставник од овој правец била групата Санаториум. Во овој период се формирале и алтернативните групи Suns, Last Expedition, Balkan Express, Паркети, D' Daltons, Рок агресори итн., а во втората половина на 1990-тите се појавиле првите хардкор панк групи, како: Smut, Флукс, Sidewalk, No Name Nation, Siniac и други.
Во 1990-тите, во Куманово започнала да се развива рок-сцената чии најзначајни претставници биле групите ТБ Трачери, Морбид џокер и The Hip.[1]
2000-ти
уредиВо 2000-тите, најуспешни групи се Суперхикс (ска панк), Поинт Бленк (рок/метал), Дени те чува (мелодик харкор), Верка (фолк метал), Културно Уметнички Работници (гаражен панк), Веrnаys рropaganda (инди рок, пост панк), Новиот почеток (хардкор панк), Mooger Fooger (инди рок), Pumpers (алтернативен рок) и други.
2010-ти
уредиБендови кои ја бележат првата половина на 2010-тите се Визија (алтернативен рок), ХаХаХа (панк рок), Foolish Green (психоделичен рок), Колт (гранџ, прогресивен рок), Молокаи (сурф рок), Smoke Shakerѕ (инди рок), Chromatic point (прогресивен метал), Culture Development (пост хардкор), Темпера (алтернативен рок) и други.
Рок фестивали
уредиВо Македонија постојат неколку рок-музички фестивали, а меѓу најпознатите се „Таксират“ и „Скопје Гори“ каде што гостувале истакнати музички ѕвезди. Исто така постојат и помали фестивали за демо бендови меѓу кои и најстариот рок фестивал во Македонија - „Рок Фест“, а тука се и „Loser fest“, „Т'к - Так фест“ и други.
Список на македонски рок групи
уреди- Архангел (музичка група)
- Мизар (музичка група)
- Анастасија (музичка група)
- Леб и сол
- Бадмингтонс
- Падот на Византија (група)
- Меморија (музичка група)
- Санаториум (музичка група)
- Паркети (музичка група)
- Визија
- Водолија (музичка група)
- SMUT
- Суперхикс
- Верка (група)
- Културно Уметнички Работници
- Bernays Propaganda
- Mooger fooger
- Рок агресори
- Бастион (бенд)
- Foolish Green
- Smoke Shakers
- Темпера
- TV Rage
- Last Expedition
- Бис Без
- Телонаука совршена
- Флукс
- Цилиндар
- Хаос ин лаос
- D' Daltons
- Chromatic Point
- Culture Development
- Молокаи
- Темпера
- Инола икс
- Suns
- Лева патика
- Триангл
- Ден за ден
- Автограм
- Pumpers
- Токму така
- ХаХаХа
- Колт
- Protagonist
- Златни стени
Наводи
уредиОваа статија за музика е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |