Ерзана
Ерзана Превала (моминско презиме Бериша; Скопје, 11 март 1978) — македонска поп-пејачка, која е препознатлива по нејзиниот хит „Ноќна кралица“ со кој настапила на Макфест во 1998 година и ја освоила наградата за најдобра изведба.[1] Има син Доријан. Живее во Хартфорд, Конектикат, САД, заедно со нејзиниот сопруг Аријан Превала. Некогаш била добро позната албанска пејачка, но пеела на македонски, ќерка на пејачката Агрон Бериша, Ерзана Бериша, настапувала на повеќе македонски фестивали во минатото, од кои произлегле нејзините хитови. Исто така и нејзиниот брат Линдон Бериша е музичар што е до ден-денес активен. Нејзиниот единствен албум т.н. „Без зборови“ важел за еден од најпродаваните во времето кога била актуелна. Ерзана како женски изведувач направила многу за забавната музика. Нејзиниот албум претставувал нешто многу и дотогаш нечуено на овие простори. Таа била една од првите македонски пејачки што направила соработка со странски рапер што пее на англиски јазик — во големиот хит „Колекционер“.
Ерзана Бериша Превала | ||
Родена | 11 март 1978 Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Занимање | пејачка |
Наводи
уреди- ↑ „Празнична листа со македонска музика од Елена Романова“. NEA.mk. 2020-10-11. Посетено на 2020-10-11.[мртва врска]
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |