Црква „Св. Димитриј“ - Куманичево
За црквата во Егејска Македонија, погледајте „Црква „Св. Димитриј“ - Куманичево (Костурско)“.
Свети Димитриј
| |
Дел од иконостасот | |
македонска православна црква | |
Епархија | Повардарска |
Архијерејско намесништво | Кавадаречко |
Парохија | Ваташка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°17′5″N 21°59′40″E / 41.28472° СГШ; 21.99444° ИГД |
Место | Куманичево |
Општина | Кавадарци |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Димитрија Солунски |
Изградба | XIX век |
Живопис | 1878 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабен |
Стил | преродбенички |
Св. Димитриј (Св. Великомаченик Димитриј) — православна црква во кавадаречкото село Куманичево, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Кавадаречкото архијерејско намесништво во Повардарската епархија на МПЦ - ОА.
Нема точни податоци за времето на изградба. По архитектонскиот облик, црквата е трикорабна со дрвени таваници. Има отворени тремови на јужната и западната страна. Целата внатрешност на храмот е покриена со живопис. Најзабележителна е композицијата „Второ пришествие Христово“ („Страшниот суд“), насликана на јужниот и западниот ѕид во наосот на црквата. На иконостасот има натпис: „Сеи свети образи исписа Петре и сен его Глигор из Дебарску державу село Тресонче 1878“.[1][2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Ваташка парохија - цркви и манастири“. Повардарска епархија. 28 ноември 2007. Посетено на 26 ноември 2021.
- ↑ „Св. Димитрија, с. Куманичево“. Културно и национално наследство на Кавадарци. Посетено на 26 ноември 2021.[мртва врска]