Бјеловарско-билогорска жупанија
Бјеловарско-билогорската жупанија (хрватски: Bjelovarsko-bilogorska županija) е административен регион во северозападна Република Хрватска. Во економски поглед, оваа жупанија е најсилна земјоделска жупанија во Хрватска.
Бјеловарско-билогорска жупанија Bjelovarsko-bilogorska županija | |||
---|---|---|---|
Жупанија | |||
Бјеловарско-билогорската жупанија (светлопортокалова) во Хрватска (светложолта) | |||
Главен град | Бјеловар | ||
Управа | |||
• Жупа | Мирослав Чачија (ХСП) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 2.652 км2 (1,024 ми2) | ||
Население (2001) | |||
• Вкупно | 133.084 | ||
• Густина | 50/км2 (130/ми2) | ||
Повикувачки број | 043 | ||
ISO 3166 | HR-07 | ||
Мреж. место | http://www.bbz.hr/ |
Население
уредиБјеловарско-билогорска жупанија
уредиСпоред пописот од 2001 година во жупанијата живееле 133.084 жители (3% од вкупното население на Хрватска) со просечна густина на населеност од 50 жители на км2. Етничкиот состав е следниот: Хрвати 82,6 %, Срби 7.1 %, Чеси 5,3%, Унгарци 0,9 % а останатите 4,1% и други. Во оваа жупанија живеат најмногу припадници на чешкото малцинство во Хрватска. Според пописот од 1991 година, етничкиот состав изгледал вака: Хрвати 67,88%, Срби 16,14%, Бошњаци, Албанци, Роми и останати 8,74%, Чеси 5,82%, Унгарци 1,40%
Бројот на жители низ годините
уредигодина на попис | 2001 | 1991 | 1981 | 1971 | 1961 | 1953 | 1948 | 1931 | 1921 | 1910 | 1900 | 1890 | 1880 | 1869 | 1857 |
бр. на жители | 133,084 | 144,042 | 149,551 | 157,811 | 167,599 | 170,651 | 166,485 | 173,597 | 162,453 | 163,039 | 150,825 | 130,901 | 101,420 | 95,981 | 84,893 |
Политика
уредиМоментален жупан е Мирослав Чачија. Собранието се состои од 43 пратеници:
- Хрватска Селска Партија (ХСП) 15
- Хрватска Демократска Заедница (ХДЗ) 9
- Социјалдемократска партија на Хрватска (СДПХ) 8
- Хрватска Социјално Либерална Партија (ХСЛП) 4
- Хрватска Народна Партија (ХНП) 2
- Хрватски Блок (ХБ) 4
- независен кандидат 1
Географија
уредиБјеловарско-билогорската жупанија се наоѓа во источниот дел на централното подрачје на Хрватске. На север се граничи со Копривничко-крижевачката, на североисток со Вировитичко-подравската, на југ со Сисачко-мославинската жупанија и на запад со Загребската жупанија. Опфаќа простор на четири карактеристични географски целини: Билогорје (северно и североисточно), граничните масиви Папук и Равна гора (источно), Мославачкото горје (југозападно), и долината на реките Чесма и Илова (западно, централно и јужно). овој регион се одликува со благи ритчиња и со речни долини кои поминуваат низ глинесто-чакалска низина. Населбите во жупанијата често се надоврзани една на друга, со што се формирани долги низи на села, долги и по неколку километри.[1]
Бјеловарско-билогорската жупанија зазема површина од 2.652 км2, што е 3,03% од вкупната површина на Хрватска и на нејзиното подрачје живеат 131,343 жители (според пописот од 2001 година), што изнесува околу 3% од населението во Хрватска. Средиштето на жупанијата е градот Бјеловар со 41.083 жители што сочинува 31,3% вкупниот број на жители на жупанијата. Бјеловар е политичко, културно и економско средиште на жупанијата.
Стопанство
уредиНа подрачјето на Бјеловарско-билогорската жупанија се наоѓаат значајни извори на нафта, земен гас, кварцен песок, глина и термални води. Во жупанијата најзастапено е производството на храна и сточарството, што резултира си значајно производство на млеко и месо. Освен земјоделство, во жупанијата е развиената прехранбената, дрвната, металопреработувачката и текстилната индустрија.
Надворешни врски
уреди- Официјален портал (хрватски)
Наводи
уреди- ↑ Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.
„Бјеловарско-билогорска жупанија“ на Ризницата ? |