Тихомир Ѓорѓевиќ (Књажевац, 19 февруари 1868Белград, 28 мај 1944) — етнолог, фолклорист, историчар и професор на белградскиот универзитет.[1]

Тихомир Ѓорѓевиќ

Биографија

уреди

Бил роден во патријархално семејство. Татко му Раја служел како свештеник во Брестовац и Лужани кај Алексинац. Од детството се наоѓал во непосреден допир со селото и народот, што му влијаело уште од младоста, па сè до смртта да се посвети на проучување на народот, неговиот живот и култура.[2]

Завршил историски-филолошки отсек на Великата школа во Белград, а потоа студирал во Виена и Минхен, каде што докторирал во 1902 година. Го издавал списанието Караџиќ.[1]

Ѓорѓиевиот опус е голем - бројот на неговите дела е околу седумстотини. Неговите интересирања биле многу широки и различни и се движат од детални анализи на народниот живот на Србите, преку етнографски истражувања на животот на гругите народи во Србија (Ромите, Власите, Цинцарите, Грците, Черкезите итн), до фолклористички и социолошки студии не само на Србија, туку и на Балканот.

Дела

уреди
 
Македонија, второ издание, 1929

Негови најважни дела се:

  • Македонија, 1918
  • Из Србије кнеза Милоша, I и II, 1922-1924
  • Цигани у Србији, докторска дисертација
  • Наш народни живот, I-X

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Југословенски књижевни лексикон (2.. изд.). Нови Сад: Матица српска. 1984. стр. 182.
  2. Марјановић 2018, стр. 68.