Бериславци

село во Мегленско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Борислав)

Бериславци (познато и како: Берислав или Борислав; грчки: Περίκλεια, Периклија; до 1925 година: Μπερίσλαφ, Берислав;[2] мегленоромански: Birislav, Бирислав) — село во Мегленско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Меглен, во Централна Македонија, Грција.

Бериславци
Περίκλεια
Бериславци is located in Грција
Бериславци
Бериславци
Местоположба во областа
Бериславци во рамките на Меглен
Бериславци
Местоположба на Бериславци во општината Меглен и областа Централна Македонија
Координати: 41°06′N 22°16′E / 41.100° СГШ; 22.267° ИГД / 41.100; 22.267
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаМеглен
Општ. единицаКапињани
Надм. вис.&10000000000000570000000570 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно301
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на југоисточните падини на планината Кожуф, на надморска височина од 570 метри.[3]

Сместено е во североисточниот дел на областа Меглен, мала котлина помеѓу планините Кожуф на исток, Пајак на југоисток и Ниџе на северозапад, на околу 23 километри североисточно од селото Капињани. На 2 километри на север се наоѓа селото Лугунци, на 5 километри на запад е Ноти, а на 4 километри кон Пајан е Ошин. На 8 километри на север е границата со Македонија.[4][5]

Околу селото поминуваат три помали реки, притоки на Мегленица — Драгни, Зајкова и Усеа. На југ од селото има пештера, која во минатото била користена од жителите за засолниште.[4]

Историја

уреди

На ридот Свети Атанасиј, каде некогаш било старото село, има траги од утврдена населба со некропола од хеленистичко време.[6] Во 1969 г. на истото место е изграден сегашниот параклис „Св. Атанасиј“.[4]

Неговото население било влашко и ѝ припаѓа на етничката група позната како Мегленски Власи, населени тука во времето на бугарскиот цар Калојан, некаде во почетокот на XIII век.[3]

Во селото во периодот 1895-1896 бил основан комитет на ВМОРО.[7]

Селото настрадало за време на Првата светска војна, а поради близината на воените дејства неговите жители биле интернирани од бугарските власти во внатрешноста на Бугарија. Се вратиле кон крајот на војната, но не сите.[3]

Во 1925 година, името на селото било променето во Периклија (Περίκλεια).

Во 1935 година била изградена нова зграда за училиштето, бидејќи старата на плоштадор изгорела во 1916 година за време на Првата светска војна.[4]

Бериславци многу настрадало и во Втората светска војна, посебно од бугарските окупациски сили во јануарската офанзива од 1944 година, како и во Граѓанската војна, поради што наполно се распаднало, а повеќе семејства побарале засолниште во Македонија. По завршувањето на војните, селото било повторно обновено.[3]

На 7 април 1944 година, во близина на селото, се одиграла голема битка помеѓу германските окупациски сили и силите на грчките комунисти ЕЛАС, во која што загинале 30 Германци.[5]

Стопанство

уреди

Како планинско, селото е доста пасивно и прилично сиромашно, а населението главно се занимава со земјоделство и со сточарство.[3]

Население

уреди

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Борислав (Бориславци) живееле 380 Власи христијани.[3][8] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Берислав имало 360 Македонци и работело влашко училиште.[9]

Во 1920 година, Бериславци е посочено со 50 влашки куќи.[3][10]

Во пописот од 1913 година било забележано со 340 жители. Во текот на Првата светска војна, поради близината на воените дејства, селото настрадало, а неговите жители биле интернирани во внатрешноста на Бугарија од страна на бугарските власти. Дел од жителите не се вратиле ниту по завршувањето на војната, поради што во 1920 година селото било забележано само со 200 жители. Во 1925 година, осум семејства заминале за Романија, кои биле сместени во добруџанското село Сансалај. Бројот на жителите во Бериславци во 1928 година се искачил на 281, а во 1940 година веќе имало 413 жители. Селото тешко настрадало и било целосно напуштено за време на Втората светска војна и Граѓанска војна. По завршувањето на војните било повторно обновено. Во 1951 година било забележано веќе со 178 жители, во 1961 година имало 372, во 1971 година 393, во 1981 година 373, а во 1991 година 354 жители.[3]

Според податоци од 1993 година, селото продолжило да биде чисто влашко, а влашкиот јазик во него е одлично запазен.[11]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 382 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 341 жител.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 413 178 372 393 373 354 382 341 301
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

уреди

Во 1919 година, селото станало самостојна општина, во чиј состав влегло и селото Лугунци, а атарот на општината опфаќал површина од 57 квадратни километри.[3] Во 1997 година, општината била припоена кон поранешната општина Капињани.[12] Во 2011 година, општината Капињани станала дел од поголемата општина Меглен.

Селото припаѓа на општинската единица Капињани со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Меглен, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Бериславци, во кој покрај селото Бериславци влегува и селото Лугунци.

Општествени установи

уреди
  • Основно училиште

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви
Археолошки наоѓалишта

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπερίσλαφ -- Περίκλεια
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Симовски, Тодор (1998). „Воденски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 83.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 „Διαδικτυακές Πύλες - Δήμος Αλμωπίας - Τοπική Κοινότητα Περίκλειας“ (грчки). Δήμος Αλμωπίας. Посетено на 19 март 2016.
  5. 5,0 5,1 „Η Περίκλεια“ (грчки). Δήμος Εξαπλατάνου. Посетено на 19 март 2016.
  6. „Αρχαιότητες στην Περίκλεια“. Βάση Δεδομпокроителένων για την Ιστορική κληρονομιά της Αλμωπίας - Lhi-Lna. Архивирано од изворникот на 2018-05-02. Посетено на 1 мај 2018.
  7. „Борбите во Македонија - Спомени на отец Герасим, Георги Рајков, Дељо Марковски, Илија Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Јорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 52, ISBN 9549514560
  8. Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 153.
  9. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 194-195.
  10. Милојевић, Боровоје. Јужна Македонија - Антропогеографска, Београд 1920. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927 (διοικητικά όρια 1911) Архивирано на 27 март 2013 г.
  11. Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
  12. Περίκλεια.

Белешки

уреди