Боемство — практика на неконвенционален начин на живот, често во друштво на истомисленици, со неколку постојани врски, вклучувајќи музичка, уметничка или книжевна определба. Во овој контекст, боеми можат да бидат скитници, авантуристи, или вагабонти.

Пјер Огист Реноар, Боемот, 1868

Оваа употреба на зборот првпат се јавила во XIX век за да се опише нетрадиционалниот начин на живот на маргинализираните и осиромашени уметници, писатели, новинари, музичари и глумци во поголемите европски градови. Боемите се поврзани со необични или анти-естаблишмент политички или општествени ставови, кои често се изразуваат преку слободната љубов, скромноста, а во некои случаи, доброволната сиромаштија. Богатите и привилегираните, дури и аристократски, боемски кругови понекогаш се нарекуваат „високо боемство“ (фр. haute bohème)[1].[2]

Поранешни боемски заедници

уреди

Меѓународниот поим боемија (bohemia) исто така би можело да значи било кое место каде што може да се живее и работи поевтино, и да се однесува неконвенционално; заедница на слободни души надвор од дозволените граници на угледното општество. Неколку градови и населби станале поврзани со боемството во XIX и почетокот на XX век:

Во Европа

уреди

Занимливости

уреди
  • Во 1931 г. истакнатиот македонски глумец Петре Прличко 1931 г. отворил свој театар наречен „Боем“.

Наводи

уреди
  1. „SeaDict Online Dictionary“. Архивирано од изворникот на 2015-04-06. Посетено на 16 November 2013.
  2. Turque, Bill (17 February 2013). „Montgomery County looks to get hip“. Washington Post. Посетено на 16 November 2013.

Надворешни врски

уреди