Табан
Табан[1][2] — долен дел на стапалото, кој остварува допир на телото со земјата.
Табан | |
---|---|
Табани на човеково стапало | |
Податоци | |
Дел од | Стапало |
Артерија | plantaris medialis, plantaris lateralis |
живец | plantaris medialis, plantaris lateralis |
Назнаки | |
Латински | planta |
TA | A01.1.00.044 |
FMA | FMA:25000 |
Улоги
уредиНа овој дел од стапалото се потпира телото кога поединецот стои, оди, скока или трча. Табанот игра важна улога во „перцепцијата при движењето и постуралната контрола“.[3]
Тоа е рефлексна зона (особено означена со Рефлексот на Бабински кај деца на возраст од 0 до 6 години[4]). Нервната мрежа на табанот исто така го известува мозокот за природата на тлото и неговиот степен на косина, неговата повеќе или помалку лизгава природа, неговата температура итн.
Особености
уредиТабанот е дебел, но исто така месно[5] многу инервиран, особено на врвот на лакот на стапалото, што го прави (во зависност од поединецот) дел од човечкото тело кој е најчувствителен или скоро најчувствителен (скокоткање).
Обликот на табанот е единствен меѓу приматите, особено поради палецот кој повеќе не се користи за фаќање и исправената положба на телото од времето на хомо сапиенс.[6]
Табанот кај жените вообичаено е поиздолжен кај жените, многу поскокотлив и помалку збрчкан од оној на мажите.
Вените се подлабоки и подобро заштитени под стапалото отколку на горниот дел на стапалото.[7]
Кожата може да биде влажна или испотена, повеќе или помалку во зависност од поединецот и начинот на кој е обуен и облечен.
Масажа
уредиСпоред рефлексологијата, масажата на табаните има лековити својства. Нејзината примена ослободува токсини што погодно влијае на разни човекови органи.
Патологии
уреди- Калуси
- Десквамација, како последица на одредени болести или труење (на пример со жива ) или како последица на одредени недостатоци во исхраната[8]
- Улцеронекротични лезии (особено кај дијабетичари и пациенти со лепра)
- Тропска кожна болест[9]
Галерија
уреди-
Хиперхидрирана кожа на стапала под престој во вода
-
Табан на едномесечно доенче, држено помеѓу средниот и безимениот прст на возрасна рака, за споредба на големината
Наводи
уреди- ↑ „табан“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „табан“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ André-Deshays, C., & Revel, M. (1988). Rôle sensoriel de la plante du pied dans la perception du mouvement et le contrôle postural. Méd Chir Pied, 4(4), 217-223.
- ↑ Walshe, F. (1956). The Babinski plantar response, its forms and its physiological and pathological significance. Brain, 79(4), 529-556.
- ↑ Gerthoffer, J. (1982). Cartographie du seuil de perception de la pression de la plante des pieds. Ann Kiné, 9, 469-474.
- ↑ Volkov, T. (1905). Variations squelettiques du pied chez les primates et dans les races humaines[мртва врска]. Laffray fils et gendre ; Bulletins et Mémoires de la Société d'anthropologie de Paris, 1903 Vol 4, n°4 pp. 632-708
- ↑ Lejars, F. (1980). Les veines de la plante du pied. Archives de physiologie, 5.
- ↑ VAN DAELE, G. (1938). http://lib.itg.be/open/ASBMT/1938/1938asbm0653.pdf[мртва врска] Sur une affection de carence et de déséquilibre diététique observée au Congo (buaki des indigènes)] (PDF, 17 pages)
- ↑ Hermans, E. H. (1939). Pian de la plante du pied et de la paume de la main. Acta leidensia, 14, 111-118.