Битолско-преспански партизански одред „Даме Груев“

Битолско-преспанскиот НОПО „Даме Груев“ (над с. Златари на пл. Бигла, Ресенско, 6 јули 1942 – с. Сливово, Охридско, 18 јули 1943) бил воена единица на НОВ и ПОМ.

Битолско-преспански НОПО „Даме Груев“
Формирање на партизански одред „Даме Груев“, 6 јули 1942 година, над село Златари, Преспа.

Наскоро по формирањето, на 2 август, Илинден, ја уништил општинската зграда и одржал митинг во Смилево, родното место на Даме Груев. Потоа, извршил напади на бугарските сили во селата Кажани, Битолско (18 август) и Златари (21 август). На 22 октомври одредот одржал митинг во Сопотско, Ресенско, по што се поделил на две групи и се префрлил на територијата на Преспа под италијанска окупација. Од крајот на декември 1942 година до крајот на февруари 1943 година одредот, во договор со албанското народно-ослободително движење, се наоѓал на територијата на македонските села во Мала Преспа.

На 25 март 1943 година во состав на овој одред влегол Битолскиот НОПО „Јане Сандански“ и тогаш одредот броел 36 борци.[1] Поради засилените дејства на бугарските и италијанските сили, на 5 април одредот се префрлил на костурско-леринското подрачје, каде, заедно со Леринскиот партизански одред „Вичо“, учествувал во борбите против месните контрачети (април-мај 1943). Во овој период во одредот имало зголемен прилив на нови борци.

На 20 мај од борците од Битолско бил формиран новиот Битолски НОПО „Гоце Делчев“. Потоа одредот се вратил во Преспа, а на 17 јули главнината од одредот преминала во Дебрца, каде што извршувала диверзантски акции и влегла во составот на новоформираниот баталјон „Мирче Ацев“. Делот од одредот што останал во Преспа, по капитулацијата на Италија, на 12 септември, заедно со Битолскиот НОПО „Гоце Делчев“, кај селото Љубојно разоружале над 200 италијански војници, а во ноември 1943 влегле во составот на Битолскиот баталјон „Стив Наумов“.

Наредната година повторно бил формиран истоимен одред (4 април 1944) и дејствувал долж патот РесенБитола во составот на 49. Дивизија на НОВЈ.[2][3][4]

Народни херои од НОПО „Даме Груев“

уреди

Од борците на одредот, петмина биле прогласени за народни херои:

Борци во НОПО „Даме Груев“

уреди
  1. Ѓоре Велкоски - Косте - командир
  2. Наум Веслиевски - Овчарот - заменик-командир
  3. Јосиф Јосифовски - Свештарот - политички комесар
  4. Илија Спировски - Панде - заменик-политички комесар
  5. Тодор Ангеловски - Строгов - командир (извесен период)
  6. Петар Божиновски - Кочо
  7. Естреја Овадија - Мара
  8. Гавро Пановски-Јуноша
  9. Петар Љутовски - Малчик
  10. Вангел Нечевски - Тунело
  11. Ристо Тодоровски - Фет
  12. Виктор Мешулам - Бустрик
  13. Пепи Песо - Цане
  14. Илија Ивановски - Томе
  15. Ламбе Бошевски - Јани
  16. Крсте Соколовски - Јордан
  17. Мите Трајчевски - Васил
  18. Славе Илиевски - Стево
  19. Илија Илиевски - Цветан
  20. Васко Ангеловски - Пурино

Наводи

уреди
  1. Ѓорѓи Танковски – Лилин, Јован Д. Кочанковски „Битолско-преспански партизански одред ‘Даме Груев’ (1942-1944)“, Друштво за наука и уметност – Битола, Битола, 1998, 165 стр.
  2. „Битолските народноослободителни партизански одреди“, Битола, 1982.
  3. Владо Стрезовски, Ѓорѓи Димовски - Ласков, „7. македонска бригада и 49. дивизија на НОВЈ“, Битола, 1987, стр. 23–31.
  4. „Македонија од устанка до слободе 1941–1945“. (Зборник радова), Београд, 1987.

Надворешни врски

уреди