Битолски партизански одред „Јане Сандански“
Битолскиот Народноослободителен Партизански Одред „Јане Сандански“ (формиран кај с. Лавци, Битолско, на 8 септември 1942[1] - дејствувал до крајот на март 1943) бил воена единица на НОВ и ПОМ. Бил наречуван и Народноослободителна партизанска чета.
Одредот извршил напад на железничката станица Српци – Беранци (15 ноември 1942). Зимата 1942/43, поделен по групи, одржувал политички митинзи по битолските села. Кон средината на март 1943 година влегол во состав на Битолско-преспанскиот НОПО „Даме Груев“. Во април, поради засилените дејства на бугарските и италијанските сили, здружениот одред се префрлил на костурско-леринското подрачје. Потоа одредот пак се вратил во Битолско, со зголемен прилив на нови борци, а од издвоените борци од Битолско бил формиран новиот Битолски НОПО „Гоце Делчев“.[2][3]
Наредната година, на 4 септември 1944 година, повторно бил формиран истоимен одред кој дејствувал долж патот Ресен–Битола во составот на 49. Дивизија на НОВЈ.