Славе Илиевски

Славе Љубен Илиевски ( 1918 во Скопје11 февруари 1945 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

ЖивотописУреди

Потекнувал од градско сиромашно семејство. По завршувањето на основното училиште, стручно се оспособил како пиротехничар. По ослободувањето на Македонија, на 11 декември 1944 година се наоѓал во составот на стручните единици при Главниот шатб на Народноослободителната војска на Македонија. Бил распореден во минерската чета. Деноноќно работел врз детонирањето на заостанатите мини, што Германците при повлекувањето ги имале поставено во голем број згради. Поради брзиот налет на нашите единици, Германците не успеале да ги активираат. При извршувањето на овие задачи на 11 февруари 1945 година, загинал при активирање на една неексплодирана мина.[1]

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 68. На |first= му недостасува |last= (help)