Петар Божиновски, познат и по прекарите „Пецо“ или „Кочо“ (Битола, 15 јануари 1920 - Скопје, 26 септември 1970) — македонски комунист, партизан и народен херој на Југославија од Македонија.[1]

Петар Божиновски
Роден Петар Божиновски
15 јануари 1920
Битола, Кралство СХС
Починал 26 септември 1970
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Југословен
Народност Македонец
Познат комунист, борец на НОБ и народен херој

Животопис

уреди

Рани години

уреди

Петар Божиновски е роден на 15 јануари 1920 година во Битола. По завршувањето на основното училиште се запишал во Битолската гимназија. Но, поради големата немаштија на неговото семејство, принуден бил да ја напушти гимназијата и да се вработи, иако притајно се надевал дека неговите ќе можат некако да го издржат неговото школување. Првично се помирил со фактот дека го изучува кројачкиот занает и дека ќе има работа со тој занает, но подоцна увидел дека иако занаетот го изучувал, сепак немало многу работа.[1]

Подоцна се вработил во битолскиот монопол како тутунски работник. Иако не бил задоволен од таа работа, сепак подоцна му се допаднало другарувањето со работниците, особено неправдите и тешката состојба на работничката класа. Неговото сочувство и грижа за работниците многу брзо било забележано од останатите работници и токму поради тие сфаќања и ставови во рок од наредните две години откако се вработил во монополот бил примен во редовите на СКОЈ[1]

Активизам

уреди

Почетоците на окупацијата ги пречекала членовите на партијата во неорганизираност и збрка. Сите имале верување дека многу брзо ќе дојде окупацијата на Југославија, но не очекувале толку брзо. Дезорганизацијата била приметлива и меѓу челните луѓе на партијата, а Божиновски бил на страната на групата луѓе или членови кои не биле сосема послушни кон директивите на самата КПЈ, особено на директивите на секретарот на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија.[1]

Сепак, на сите им било јасно дека наскоро требало да се започне вооружена борба против окупаторот. Така, Божиновски првично е дел од групата активисти кои прибираат оружје за Организацијата. Тие го складираат оружјето на неколку тајни пунктови. Оружје лесно се наоѓало, особено оружје кое било оставено од дезертерската војска.[1]

По бугарската фашистичка окупација бил член на Воениот комитет на Битола. Во 1941 г. бил ангажиран во подготовките за вооружена борба и станал еден од иницијаторите и организаторите на Првиот битолски партизански одред „Пелистер", а подоцна станал борец и во Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“. Организацијата решила Битолскиот партизански одред да излезе во пролетните месеци на 1942 година. Името на Петар Божиновски се слушнало до челните раководни лица за време на акцијата на Битолскиот партизански одред во селото Смилево, на Илинден 1942 година. На тој празник, бугарските окупаторски власти се собирале во Смилево да го чествуваат Илинден, како „бугарски празник“, но биле изненадени од ненадејниот напад од страна на партизаните. Заробен бил кметот на селото.[1]

Четириесет дена по настанот на Илинден, на 18.8.1942 година, Битолско-преспанскиот партизански одред извршил напад на општината и полициската станица во село Кажани. За целите на оваа акција, Одредот бил поделен на три групи, од кои две групи биле забележани од страна на бугарските власти. Третата група, меѓу кои и Божиновски, води силни битки со бугарските власти, а во меѓувреме борците од другите две групи се повлекле. Ова била првата вистинска фронтална борба на неговиот Одред. Борбата била позиционирана и се свели на бранење на позициите.[1] Овој настан и директен судир довело до преземање на големи мерки од страна на Бугарите да го уништат одредот. Следувале зачестени борби, а во една од нив Божиновски бил ранет. Закрепнувањето траело два месеца, по што Божиновски се вратил на терен и учествувал во нападот на железничката станица Српци на 15 ноември 1942 година. Нападот нанел поголеми загуби за Бугарите. Божиновски мошне добро се искаткнал како одлучен и храбар борец за време на оваа акција.[1]

Во ноември 1942 година Божиновски добил задача да воспостави врска со Битолската партиска организација бидејќи мошне добро го знаел теренот. Сепак, додека навлегувал во Битола некој го прекажал на бугарските власти и го нападнале десетина полицајци, но сепак успеал да избега.[1]

За неговата храброст и самопрегор се дознало и во Главниот штаб на HOB и ПО на Македонија и тој бил повикан за курир во Штабот. Повеќепати се наоѓал во придружба на највисоки раководители на движењето во Македонија. Подоцна станал заменик-комесар на Седмата македонска бригада кога таа ја освојува караулата „Станков гроб“. Оваа акција била лично раководена од Божиновски. Подоцна тој учествувал во акции ширум Македонија, меѓу кои и пожестоките битки кај Ѓавато и Стремешево.[1]

По ослободувањето работи во Државниот секретаријат за внатрешни работи, со чин потполковник на ЈНА, а потоа во управата на царината. Починал на 26 септември 1970 година во Скопје, како помошник на генералниот директор на ПТТ Македонија.

За народен херој е прогласен на 2 август 1952 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 Народни херои од Македонија, Наша книга, Скопје, 1973 г., стр. 71-75

Поврзано

уреди