Вангел Нечевски
Вангел Нечевски - Тунелот (Битола, 17 март 1922 – Битола, 16 октомври 2006) — македонски комунист, учесник во НОВ, народен херој. За народен херој бил прогласен на 20 декември 1951 година.
Вангел Нечевски | ||
Роден | 17 март 1922 Битола | |
---|---|---|
Починал | 16 октомври 2006 Битола |
Животопис
уредиВангел Нечевски е роден во Битола во работничко семејство. Уште како млад се вработил во тутунската станица во Битола.[1] По окупацијата на Југославија во Втората светска војна, Нечевски се вклучил во СКОЈ. Веднаш се вклучил во акциите на месната партиска организација за растурање на пропаганден материјал, собирање на оружје и вршење на курирски должности.[2]
Учеството во Народноослободителната војна
уредиВо почетокот на 1942 г. бил уапсен и интерниран во Бугарија. По половина година помината во интернација, се вратил во Битола. Но, поради своите активности, веќе не можел да остане во градот и на 4 јули 1942 г. заминал во партизанскиот одред „Даме Груев". Во одредот извршувал низа курирски задачи што ги добивал како курир на Главниот штаб на Македонија.[2] Се истакнал со снаодливост и храброст при една задача од декември 1942 година, кога пренесувал партиски материјал од Грција во Битола, при што бил опколен од граничари, на кои успеал да им помогне и да го спаси материјалот. Во 1943 година по налог на Главинот Штаб на Македонија, фатил врска со Кавадарскиот одред, кој се наоѓал во Егејскиот дел на Македонија, а во оваа задача поминал 9 дена низ потполно непознат терен.[2] Во текот на 1942, 1943 и поголемиот дел од 1944 година, одржувал редовна врска со грчките и албанските партизани, пренесувајќи најдоверливи материјали и префрлајќи најдоговорни политички и воени раководители и делегати на Врховниот штаб од Македонија. Пред крајот на војната станал заменик-командант на дивизија.
По војната
уредиПо Војната работел во ОЗНА. Потоа вршел други политички и државни должности во Битола и во Македонија. По пензионирањето, бил претседател на Сојузот на борци од НОВ и претседател на Матицата на иселениците во Битола.
За народен херој бил прогласен на 20 декември 1951 година.[2][3]