Битка кај Брегалница
Дел од Втората балканска војна
Датум 16 јуни 1913
Место Брегалница, Македонија
Исход Победа за Србија и Црна Гора
Завојувани страни
Кралство Србија
Црна Гора
Царство Бугарија
Команданти и водачи
Фелдмаршалот Путник
Генерал Петар Бојовиќ
Принц Александар Караѓорѓевиќ
Генрал Живојин Мишиќ

Генерал Савов
Генeрал Иванов
Генерал Кочевски
Сила
ca. 194,000 војници, 235 минофрлачи (104 пешадиски батаљони, 34 коњички одреди, 62 артилериски батерии) *
Црногроска дивизија околу. 13,000 војници, 6 минофрлачи и 24 митралези
ca. 130,000 војници, минофрлачи (100 пешадиски батаљони, 6 коњички полка, 63 артилериски батерии)
Жртви и загуби
вкупно 16,620; од кои 3,000 мртви непознато

Битката кај Брегалница била битка помеѓу Бугарија и Србија за време на Втората балканска војна.

Прегледна карта на Брегалничката битка
Телеграма од Пашиќ до Лондон, за успехот на Тимочката дивизија, потиснувајќи ги бугарските трупи кај Криволак. (24 јуни 1913)

Битката на Брегалница, односно на фронтот меѓу третата. српска и четвртата. бугарска армија започнала ноќта на 30 јуни 1913 година во 2.00 часот, со ненадеен напад на 8 бугарска дивизија преку Брегалница на центарот на десното крило на Дринската дивизија. Еден час подоцна тргнала во напад и 7 рилска дивизија преку Злетовска река на левото крило на истата српска дивизија. Под притисокот на бугарските единици, претстражните одреди на Дринската дивизија се повлекле на главните позиции. Во 2 часот и 30 минути српските полкови на левото крило и на центарот ги зазеле позициите. На десното крило претстражниот баталјон наместо да ја прифати борбата со предните делови и да создаде време на својата главнина, преминал во противнапад и бил разбиен, по што српските сили биле принудени да се повлечат на дополнителните позиции на 2,5 километри зад главните.

Бугарските напади на Лозјанскиот Рид и на Ежово Поле биле одбиени. На Средниот Рид избиле бугарски трупи и заплениле шест топа на две српски батерии. Со противнапад на српската резерва повторно бил освоен Средниот Рид и вратени шест топа, а бугарските сили биле одбиени на левиот брег на Брегалница. Нападите на 7 Рилска дивизија на Шаренковец и на Руен биле одбиени од 5 пешадиски полк. Поради тешката состојба кај Дринската од првиот повик, командантот на третата армија ја упатил на помош Моравската дивизија од првиот повик од армиската резерва: еден полк да изврши напад преку село Богословец, еден од правецот на село Врсаково и еден преку село Мустафино кон Судик, за да и помогнат на Дринската дивизија повторно да ги заземе загубените позиции.

Полковите на Моравската дивизија пристигнале околу 10.00 часот и веднаш биле ангажирани. Настанала жестока битка во која се вршеле три до четири последователни јуриши. Артилеријата од двете страни била масовно употребувана, но без некои позначајни успеси. Во предвечерието борбата стивнала на целиот фронт. Поради големите загуби и премореноста, ноќта не биле вршени напади. На крајното десно крило бугарската војска со две бригади ги зазела Удово и Гевгелија и ја пресекла железничката пруга Солун-Скопје.

Во борба Македонци против Македонци уреди

Учествувајќи во првите борбени редови на завојуваните страни, Македонците меѓусебно се биеле во полза на бугарските и на српските команди на позициите на Осоговските Планини, во битката на Брегалница и на многу други места.

На фронтот на 1 српска армија биле спротивставени единиците на Македонско-одринското ополчение (ок. 14 000). Бугарските единици ја поминале Злетовска Река, ги одбиле претстражните одреди на Шумадиската од првиот и на Моравската од вториот повик и во текот на денот ја зазеле линијата село Дренак-Кала (кота 798). За тоа време, Шумадиската прва ги запоседнала позициите: село Долно Барбарево-Горни Стубол-Црни Врв, а Моравската дивизија од вториот повик: Пониква-село Близанци-Мушково. На Осоговските Планини, третиот баталјон на Македонско-одринското ополчение ги зазел Ретки Буки. Во меѓувреме, бугарската Врховна команда решила битката да се засили во правецот на третата. српска армија, а не на порано утврдените позиции на Светиниколската Река.

Поради тоа, српската Врховна команда наредила: првата. српска армија да премине во напад во правецот на Рајчански Рид-Кочани, обезбедувајќи ја левата страна кон Ќустендил; третата. армија да остане во одбрана на достигнатите позиции, а во противнапад да помине кога првата. армија ќе ги започне дејствата. Црногорската дивизија да се префрли од Скопје во Куманово, а Шумадиската дивизија од првиот повик да се упати како засилување на третата. армија.

Во прилог на македонската трагедија, потребно е да се истакне дека на бугарската страна на десното крило на четвртата. армија биле единиците на Македонското ополчение, во кои храбро се бореле Македонци, а на спротивната страна, во српската војска во Дунавската дивизија од првиот повик се борел помалиот Осоговскиот одред, исто така, составен од мобилизираното македонско население. Учествувајќи во првите редови на завојуваните страни, Македонците меѓусебно се биеле и убивале во полза на бугарските и на српските команди на позициите на Осоговските Планини, наизменично освојувајќи ги во постепени јуриши Царев Врв, Ретките Буки, Дервишица и Банковиот Чукар.

Следниот ден, односно на 1 јули 1913 година бугарските единици го продолжиле нападот врз единиците на третата. српска армија. Десното крило на Дринската првата дивизија се повлекло кон Богословец, а нападот кај Ежово Поле и на Лозјанскиот Рид биле одбиени.

Околу 16 часот, борбата продолжила и траела до вечерта. На левото крило на Моравската дивизија се развила блиска борба со наизменични јуриши од двете страни. Бугарите имале поголеми успеси на Руен. Околу пладне, српската војска извршила јуриш, по што бугарските сили биле одбиени источно од Руен. Притоа имало бројни жртви на двете страни, а бугарските единици се повлекле кон Злетовска река. На десното крило, бугарската втора дивизија го продолжила нападот од Штип кон Пепелиште и го зазела Драгоево. Со тоа ја принудила Тимочката дивизија од втората повик на повлекување и ја одвоила од третата армија. Првата армија ги отфрлила деловите на 7 бугарска дивизија на левиот брег на Злетовската Река.

Српската Врховна команда на 2 јули 1913 година во 6.00 часот и наредила на 3. армија да настапува и таа до 13 часот избила на Брегалница од Штип до Крупиште. Наредбата била третата армија да изврши напад кај Штип, а првата армија кај Рајчанскиот Рид точно во 13.00 часот.

Нападот бил одложен поради силната одбрана на бугарските сили. Бугарската Врховна команда извршила засилувања на четвртата. армија со еден полк од петтата армија. Србите ја засилиле третата. армија со Доброволната бригада на десното крило а со првата коњаничка дивизија и со Црногорската бригада на централниот дел.

Во наредните неколку денови се развила жестока борба на целиот фронт. На српската војска ѝ пристигнала нова помош со оглед на тоа дека во јули била извршена нова мобилизација и биле собрани 30.000 регрути, кои главно биле од Македонија и биле испратени на фронт без каква и да е обука. Бугарската влада, поради дотогашните послаби резултати, на 2 јули го сменила генералот Михаил Савов од должноста помошник на Врховниот командант, а на негово место бил поставен генералот Радко Димитриев.

Меѓутоа, бугарските единици веќе биле повлечени, со оглед на опасноста од грчките сили што настапувале кон север за да им ја пресечат отстапницата кон Бугарија. Со тоа битката на Брегалница била решена. Од воено-стратегиски аспект, српските сили во битката на Брегалница ја промашиле својата цел, поради тоа што бугарските сили уште во јуни се повлекле за да не паднат во стапица на грчките сили. На тој начин, српската трета. армија што настапувала на фронтот од Криволак до Зрновци во должина од 50 километри, покажала со класичен пример како не треба да се војува.

Во битката на Брегалница, загубите биле мошне големи и на двете страни. Во српската војска имало 16.200 мртви и ранети, од кои 11.350 во третата. армија.

Други воени дејствија уреди