Крчово или Крчево (грчки: Καρυδοχώρι, Каридохори; до 1927 г. Κίρτσοβο, Кирцово[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 84 жители (2011). Сѐ до 1923 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]

Крчово
Καρυδοχώρι
Улица во селото
Улица во селото
Крчово is located in Грција
Крчово
Крчово
Местоположба во областа
Крчово во рамките на Синтика (општина)
Крчово
Местоположба на Крчово во општината Синтика и областа Централна Македонија
Координати: 41°19′N 23°35′E / 41.317° СГШ; 23.583° ИГД / 41.317; 23.583
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаКрушево
Надм. вис.&10000000000000800000000800 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно84
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во областа Мрвачко, на десната страна на реката Белица, во мала котлина при подножјето на планината Славјанка, на надморска височина од 800 м.[3] Се наоѓа на 27 км североисточно од општинскиот центар Валовишта и 7 км источно од Крушево.

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Во отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население од вилаетот Тимур Хисар од 1616-1617 година селото е наведено под името Крчова со 131 домаќинство.[4]

Населението на селото го носи името „Мрваци“ и традиционално се занимаваат со рударство. Во XIX век селото било едно од најголемите рударски центри во Мрвачко. Во Крчово работеле две печки и еден самоков. Самоковот престанал да работи кон крајот на XIX век. Истовремено железарството пропаднало, поради што започнува да изумира селото.

Во XIX век Крчово било македонско село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот Санџак. Селото има силен допринос во борбите за црковно-национална независност на македонците во XIX век. По зборовите на Васил К’нчов:

Во селата Крушево, Крчово и неколку други во црквите се служи на словенски (македонски) уште од старо време.[5]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Крчово (Kërtchovo) имало 176 домаќинства и 580 жители Македонци.[6][7]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Крчово, на 34 часа од Крушово, во подножјето на Црвилово, крак на Љаљата. Бидејќи почвата е каменеста, населението претежно се занимава со сточарството; има и рудари. Во ова село и во Крушово околу 8 куќи и денес се занимаваат со ископ на железо. Егзархиска црква и училиште; до 50 ученици и 1 учител; 180 македонски куќи. Во селото пред црквата „Св. Атанас“ се наоѓа натпис...[8]

На почетокот на XIX век целото население на Крчово било под врховенството на Цариградската патријаршија, но во 1870 г. селото прешло под врховенството на Бугарската егзархија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Крчово имало 1.150 жители, сите Македонци.[6][9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Крчово имало 1.424 Македонци под врховенство на Бугарската егзархија. Во селото работело бугарско училиште со 1 учител и 48 ученици.[6][10]

Во Првата балканска војна, 36 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[11]

Во Грција уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 312 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 481 лице.[3]

Под притисок од грчките власти, во 1923-24 година, поголемиот дел од населението (468 Македонци) принудно било иселено во внатрешноста на Бугарија и Пиринска Македонија (во Свети Врач и Светиврачко, Белица, Неврокоп и други[12]), а на нивно место се населиле 43 бегалски семејства (вкупно 170 бегалци), така што селото станало бегалска населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Каридохори (Καρυδοχώρι), во превод „ореово село“.[2]

Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле само 90 жители, бидејќи бегалците се иселиле. По Втората светска војна населението се вратило, но за време на Граѓанската војна (1946 - 1949) во 1947 г. повторно се иселени, поради што во 1951 г. селото е евидентирано како напуштена населба.[3]

Стопанство уреди

Населението произведува тутун, компири, жито и други земјоделски производи, а поради поволните услови внимание му се посветува и на сточарството.[3]

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 499 0 451 295 186 150 121 84
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика уреди

Селото припаѓа на општинската единица Крушево со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Крушево, во кој влегува и истоименото село.

Личности уреди

Литература уреди

  • Mitrinov, G., E. Moutafov. The inscription on the front of the bell tower of the Valovishta District. – Papers of BAS. Humanities and Social Sciences. Vol. 2, No 1-2, 2015, pp. 24–31. ISSN 2367-6248.

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 2 април 2024.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 198–199.
  4. Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 227.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 106. ISBN 954430424X.
  6. 6,0 6,1 6,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 134–135. ISBN 954-8187-21-3.
  8. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 853.
  9. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 184. ISBN 954430424X.
  10. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 188–189.
  11. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 837. ISBN 954-9800-52-0.
  12. Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 26.