Бад Бентхајм
Бад Бентхајм (до 1979 г. само Бентхајм; германски: Bad Bentheim; долногермански: Beantem) — град во округот Грофовија Бентхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Бад Бентхајм
Bad Bentheim | ||
Градот со замокот | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Долна Саксонија | |
Округ | Грофовија Бентхајм | |
Градоначалник | Фолкер Панен (СДП) | |
Основни податоци | ||
Површина | 100,16 км2 | |
Надм. височина | 49 м | |
Население | 16.251 (31 декември 2022)[1] | |
- Густина | 162 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | NOH | |
Пошт. бр. | 48455 | |
Повик. бр. | 05922; 05924 for Gildehaus | |
Портал | http://www.stadt-badbentheim.de/index/ | |
Местоположба на градот Бад Бентхајм во рамките на округот Грофовија Бентхајм | ||
Координати | 52°18′11″N 7°09′35″E / 52.30306° СГШ; 7.15972° ИГД |
Градот се наоѓа на границата со покраината Северна Рајна-Вестфалија и со Холандија. Тој е исто така признаена покраинска бања, па оттаму доаѓа и ознаката „Бад“. Во него се наоѓа замокот Бентхајм, што е симбол на градот.
Географија
уредиРаширување на градот
уредиГраницата на градот е долга 49 километри, при што растојанието север-југ е 14 километри, додека растојанието запад-исток е 12 километри. Градското подрачје има површина од 100,16 км².[2]
Соседни општини
уредиГрадот се граничи на север со окружниот град Нордхорн, на североисток со општината Истерберг, на исток со Квендорф и Шитторф (сите во округот Грофовија Бентхајм), на југ со Охтруп (округ Штајнфурт) и Гронау (округ Боркен), а на запад со Лосер (Холандија, покраина Оверајсел).
Блиски поголеми градови се Минстер и Оснабрик во Германија и Енсхеде во Холандија.
Градски единици
уредиГрадот е составен од градското јадро на Бад Бентхајм и местата Ахтерберг, Бардел, Гилдехаус, Хагелсхек, Холт и Хар, Зирингхек, Валдзајте и Вестенберг.
Историја
уредиПрвото документирано споменување на Бад Бентхајм е околу 1050 година како Бинитхем (Binithem). Постојат повеќе етимолошки објаснувања за самото име. Така, името може да се однесува на ситник (Binsen на германски), растение кое растело на мочурливата област порано. Исто така се претпоставува дека името, како и холандската област Твенте, доаѓа од времето на Тубантите.
Бад Бентхајм, поранешна грофовска резиденција, поседува богата историја. Со векови, градот бил средиште на истоимената грофовија. Под пруска власт, Бентхајм станал амт, а од 1857 до 1973 година бил седиште на основен суд.[3] Во 1945 година, британската окупациска влада на Бентхајм му го укинала статусот на окружен град и го преместила окружното седиште во Нордхорн, кој бил географски средишно поставен во округот.
Знаменитост на градот е моќниот замок на грофовите од Бентхајм, кој бил првпат споменат во документ од 1116 година. Околу 1711 година биле откриени лековити сулфурни извори, од кои подоцна се развиле термални бањи и клиника. Од 1865 година, Бентхајм поседува градски права.
По Втората светска војна постоеле планови, големи делови од Северозападна Германија да бидат припоени кон Холандија, како и Бентхајм. Овие планови на крајот не се оствариле.
Од 6 јуни 1979 година, градот го носи името Бад Бентхајм. Местото Гилдехаус од 1982 година е признато одморалиште.
Како бентхајмско злато се означувал бентхајмскиот песочен камен, кој бил копан во самиот град и во Гилдехаус. Трговијата (XV-XVIII век) се раширила надвор од границите на Грофовијата Бентхајм, во областите Минстерланд, Источна Фризија, во Холандија, како и до Белгија и Данска. Позначајни градби градени со бентхајмскиот песочен камен се Кралската палата во Амстердам, театарот и главната катедрала во Антверпен, католичката црква во Орхус, кулата на црквата „Св. Мартин“ во Гронинген, како и Градското собрание во Минстер. Наводно, постаментот на Статуата на Слободата во Њујорк е исто така изградена од бентхајмскиот песочен камен.
Припојувања
уредиНа 1 април 1929 година биле припоени општината Бентхајм-Бауершафт и Гутсбецирк Бентхајм. Во рамки на долносаксонската општинска реформа, на 1 март 1974 година кон градот била припоена општинската заедница Гилдехаус (составена од Гилдехаус, Ахтерберг, Хагелсхек, Холт и Хар, Валдзајте и Вестенберг, како и општините Бардел и Зирингхек.
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет се состои од 30 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 12.001 и 15.000 жители.[4] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[5]
Партии и листи | Удел | Места | |
---|---|---|---|
CDU | Демохристијански сојуз на Германија | 39,26% | 12 |
SPD | Социјалдемократска партија на Германија | 36,35% | 11 |
Grüne | Сојуз 90/Зелени | 11,50% | 3 |
FDP | Слободна демократска партија (Германија) | 10,82 % | 3 |
Linke | Левица (Германија) | 2,06 % | 1 |
Вкупно | 100% | 30 | |
Излезност | 53,28% |
Градоначалник
уредиГрадоначалник на градот Бад Бентхајм е Фолкер Панен (SPD).
Градоначалник | Период |
---|---|
Јохан Крабе | 1899–1930 |
Кристијан Микелсен | 1930–1937 |
Карл Рапиц | 1938–1944 |
Карл Брозе (NSDAP) | 1944–1945 (9 месеци) |
Херман Ламерс | 1945 |
Јохан Шите | 1946–1949 |
Август Липолд | 1949–1956 |
Герхард Крабе (CDU) | 1956–1964 |
Дитрих Зомберг (CDU) | 1964–1991 |
Хорст Винклер (SPD) | 1991–1996 |
Гинтер Алсмајер (CDU) | 1996–2006 |
Фолкер Панен (SPD) | од 2006 |
Збратимени градови
уредиБад Бентхајм е збратимен со следниве градови:
Познати луѓе
уреди- Јохан Пикарт (1600-1670) — германско-холандски колонист, протестант, доктор и писател
- Вилхелм Хајнрих фон Бентхајм-Штајнфурт (1584-1632) — гроф
- Хана Крабе (р. 1945) — членка на Фракција на црвената армија
- Фридерике Крабе (р. 1950) — членка на Фракција на црвената армија
- Габи Багински (р. 1954) — пејачка
- Франц Витенбринк (р. 1948) — аранжер, композитор, диригент, режисер и пијанист
- Маргита Гумел (р. 1941) — спортист и олимписки медалист
- Рене Ланге (р. 1988) — фудбалер
- Хајо Фирк (1939-1989) — археолог
- Нилс Резелер (р. 1992) — фудбалер
Галерија
уреди-
Ѕидините на замокот
-
Евангелско-реформираната црква
-
Железничката станица
-
Внатрешноста на замокот
-
Музејот „Ото Панкок“
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Zahlen Daten Fakten 2018/2019 Архивирано на 17 септември 2018 г., Zahlenspiegel des Landkreises Grafschaft Bentheim, abgerufen am 17. September 2018.
- ↑ Grafschafter Nachrichten vom 16. Juli 2009: Scherben auf der Mauer sollten das Gefängnis sichern – Das alte Amtsgericht in Bad Bentheim war früher das neue – Zwei Wachtmeister für bis zu 30 Gefangene.
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 28. Dezember 2016.
- ↑ Ergebnis der Kommunalwahl 2021 auf votemanager.kdo.de; abgerufen am 19. September 2021.
- ↑ Obwohl die Partnerschaft 2009 aufgehoben wurde ems-vechte-surfer.de, abgerufen am 7. Januar 2021
- ↑ (PDF). Bad Bentheim. 2007-05-15 http://www.stadt-badbentheim.de/index/images/stories/erfahrungsbericht%20wolkenstein.pdf. Посетено на 2019-04-19. Занемарен непознатиот параметар
|titel=
(се препорачува|title=
) (help); Отсутно или празно|title=
(help)
Надворешни врски
уреди- Бад Бентхајм на Ризницата ?
- Матична страница (германски)