Шитторф
Шитторф (германски: Schüttorf; долногермански: Schüttrup) — мал град во округот Грофовија Бентхајм, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Шитторф
Schüttorf | ||
![]() | ||
|
![]() | |
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Долна Саксонија | |
Округ | Грофовија Бентхајм | |
Општ. заед. | Шитторф | |
Градоначалник | Јерн Тихтер (ДХС) | |
Основни податоци | ||
Површина | 19,43 км2 | |
Надм. височина | 33 м | |
Население | 13.273 (31 декември 2022)[1] | |
- Густина | 683 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | NOH | |
Пошт. бр. | 48465 | |
Повик. бр. | 05923 | |
Портал | www.schuettorf.de | |
Местоположба на градот Шитторф во рамките на округот Грофовија Бентхајм | ||
![]() | ||
Координати | 52°19′0″N 7°13′0″E / 52.31667° СГШ; 7.21667° ИГД |
Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Шитторф е најстар град во округот, сместен близу границата со Холандија и покраината Северна Рајна-Вестфалија.
Географија
уредиМестоположба
уредиШитторф се наоѓа во крајниот југозападен дел на покраината Долна Саксонија, оддалечен околу десет километри од границата со Холандија. Градот се наоѓа помеѓу културните области на Емсланд и Вестфалија. Околината на градот е земјоделска.
Низ градот во насока југоисток-северозапад поминува реката Фехте, која продолжува во Холандија. Највисока точка во градот е 48 метри.
Соседни општини
уредиГрадот Шитторф како дел од истоимената општинска заедница се граничи со другите членови на заедницата: Замерн на југоисток, Квендорф на северозапад и Енгден на север. Во рамки на округот, Шитторф се граничи со Бад Бентхајм на запад. На исток, градот се граничи со соседниот округ Емсланд (општината Емсбирен).
Клима
уредиШитторф има средноевропска клима. Просечна годишна температура изнесува 8,5 степени, додека просечниот притисок изнесува 1.015,2 хектопаскали, додека просечните годишни врнежи изнесуваат 700 до 800 милиметри. Климата е субатлантска со свежи зими и релативно топли лета.
Клима на Шитторф | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Просечна максимална (°C) | 4,0 | 4,9 | 8,3 | 12,7 | 17,2 | 20,3 | 21,5 | 21,4 | 18,7 | 14,1 | 8,0 | 4,9 | 13,0 |
Просечна температура (°C) | 1,4 | 1,9 | 4,7 | 8,1 | 12,3 | 15,2 | 16,7 | 16,5 | 14,1 | 10,3 | 5,3 | 2,6 | 9,1 |
Просечна минимална (°C) | −1,1 | −1 | −1,2 | 3,6 | 7,4 | 10,2 | 12,0 | 11,6 | 9,5 | 6,5 | 2,7 | 0,3 | 5,1 |
Просечно кол. врнежи (мм) | 68 | 46 | 59 | 52 | 65 | 74 | 79 | 71 | 63 | 60 | 72 | 76 | 785 |
Извор: Climate-Data.org[2] |
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет се состои од 31 избран член, што одговара за градови со број на жители помеѓу 12.001 и 15.000 жители.[3] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[4]
Партии и листи | Удел | Места | |
---|---|---|---|
CDU | Демохристијански сојуз на Германија | 35,48 | 11 |
SPD | Социјалдемократска партија на Германија | 33,28 | 10 |
Grüne | Сојуз 90/Зелени | 16,28 | 5 |
FDP | Слободна демократска партија | 4,56 | 2 |
SL | Шитторфска листа | 4,18 | 1 |
AfD | Алтернатива за Германија | 4,12 | 1 |
Linke | Левица | 2,09 | 1* |
Вкупно | 100 | 31 | |
Излезност = 54,23 % | |||
*Кандидатот на Левица по изборите излегол од неговата партија и се приклучил на Зелените.[5] |
Градоначалник
уредиГрадоначалник од ноември 2016 година е Јерн Тихтер (CDU).
Градоначалник | Период |
---|---|
Франц Шојрман (подоцна CDU) | 28 февруари 1924 – октомври 1942 15 февруари 1946 – 14 септември 1946 1952 – октомври 1956 |
Арнолд Хорстмајер (NSDAP) | октомври 1942 – април 1945 (поставен од партијата) |
Бернхард Ферволд | април 1945 – 25 јануари 1946 (поставен од британската воена влада) |
Ерих Кортман | 1946–1949 |
Јохан Венинг (SPD) | 5 јануари 1949–1952 октомври 1956 – 16 октомври 1972 |
Херман Бринкман (SPD) | 16 ноември 1972 – 14 ноември 1988 |
Карл-Хајнц Драјер (SPD) | 16 јануари 1989 – 8 ноември 2006 |
Томас Михаел Хамерлик (CDU) | 8 ноември 2006 – 7 ноември 2016 |
Јерн Тихтер (CDU) | од 7 ноември 2016 |
Збратимени градови
уредиШитторф е збратимен со следниве градови:
- Твентеранд, Холандија (до 2005 г.)
Галерија
уреди-
Градската реформирана црква
-
Пешачката зона
-
Вила Шликер
-
Католичката црква
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ Klimadiagramm für Schüttorf
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 28. Dezember 2016.
- ↑ Ergebnis der Kommunalwahl 2021 auf votemanager.kdo.de; abgerufen am 19. September 2021.
- ↑ Jonas Schönrock (16.11.2021). „Schüttorfer Rat wählt Manfred Windhaus erneut zum Stadtdirektor“. GN online (германски). Посетено на 2021-11-16. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)
Надворешни врски
уреди- Шитторф на Ризницата ?
- Матична страница (германски)