Арбанасинец (Атишта)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Арбанасинец“
| |
Местоположба | 41°27′11″N 21°2′21″E / 41.45306° СГШ; 21.03917° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Атишта |
Општина | Кичево |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
Портал „Археологија“ |
Арбанасинец — археолошко наоѓалиште во кичевското село Атишта. Претставува населба и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 1 км северозападно од селото, во нивите западно од црквата „Св. Димитриј“, крај патот за селото Вранештица, каде на површина од 1 ха се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. Според кажувањето на жителите, со земјоделските работи биле откривани гробни конструкции од камени и мермерни плочи.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |