Арџили или Месопотамо (грчки: Μεσοπόταμο, Месопотамо) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Месопотамо бил дел од општина Аполонија[2].

Арџили
Μεσοπόταμο
Арџили is located in Грција
Арџили
Арџили
Местоположба во областа
Арџили во рамките на Бешик
Арџили
Местоположба на Арџили во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°36′N 23°26′E / 40.600° СГШ; 23.433° ИГД / 40.600; 23.433
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаЕгри Буџак
Надм. вис.&10000000000000115000000115 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно10
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 20
Повик. бр.+30-2393-xxx-xxx

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа на 27 километри западно од Ставрос и 59 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа на надморска височина од 115 метри.

Историја

уреди

Во XIX век Арџили било македонско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.

Во 1927 година селото било преименувано во Месопотамо[3].

Демографија

уреди

Во 1928 година селото било чисто бегалско село со 25 семејства и со 96 жители[4], додека во 1940 година селото броело 104 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 92 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 87 жители, во 1971 година имало 70 жители, во 1981 година имало 38 жители, додека во 1991 година имало 32 жители[5]. а во 2001 имало 74 жители[6]. Денеска, населението на селото е 17 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 104 92 87 70 38 32 17 10
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Архивирано на 12 јули 2017 г. Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αλτσιλή -- Μεσοπόταμο
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”.
  6. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2017-03-06.