Ред на Британската Империја
Најпревосходен ред на Британската Империја (англиски: Most Excellent Order of the British Empire) — витешки ред основан на 4 јуни 1917 г. од кралот Џорџ V.[1][2] Редот вклучува пет вида на цивилни и воени одликувања.
Денешни одликувања
уредиПостојат пет класи на одликувања, подредени по старешинство:
- Витез на Големиот Крст (GBE) (Knight Grand Cross)
или Дама на Големиот Крст (GBE) (Dame Grand Cross) - Витез-заповедник (KBE) (Knight Commander)
или Дама-заповедник (DBE) (Dame Commander) - Заповедник (CBE) (Commander)
- Офицер (OBE) (Officer)
- Член (MBE) (Member)
Само двата највисоки чина сами по себе го прават човекот витез или дама (со титулите „сер“ или „леди“), и им овозможува на добитникот на чинот да ја користат пред своето име титулата „Сир“ (за мажи) или „Дама“ (за жени). Кога се доделува почесно витештво на некој што не е по националност дел од кралството на кралицата Елизабета II, титулата не треба да ја користи пред името.
Критики
уредиРедот е критикуван од одредени лица поради неговата поврзаност со идејата за Британска Империја. Членовите на Битлси се прогласени за членови на Редот во 1965 година. Џон Ленон по тој повод изјавил: „Многумина кои се противат на нашето влегување во Редот, станале членови на Редот поради своето херојство во војна - убивале луѓе... Ние го добивме нашето членство поради забавување на луѓето.“ На 25 ноември 1969 година, Џон Ленон го вратил членството во Редот, како дел од неговите мировни протсети.[3]
Меѓу останатите познати личности кои го одбиле или се откажале од членство во Редот се: Винстон Черчил, Вилијам Батлер Јејтс, Дејвид Боуви, Стивен Хокинг, и други.
Наводи
уреди- ↑ „No. 30250“. The London Gazette (2nd supplement). 1917-08-24. London Gazette uses unsupported parameters (help)Original Order of the British Empire Statutes dated 24 Aug 1917
- ↑ The Monarchy Today > Queen and public > Honours > Order of the British Empire royal.gov.uk: The Official Website of the British Monarchy, Accessed 24 August 2009
- ↑ Brian Roylance; George Harrison, John Lennon, Paul McCartney, Ringo Starr (2000). The Beatles Anthology. Chronicle Books. стр. 183. ISBN 0811826848.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)