Руд ван Нистелрој
Рутгерус Јоханес Мартинус Руд ван Нистелрој (холандски: Rutgerus Johannes Martinus "Ruud" van Nistelrooij) — пензиониран холандски фудбалер кој во својата кариера играше како напаѓач за тимовите на Ден Бош, Херенфен, ПСВ Ајндховен, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Хамбургер и Малага. Тој е петти најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите со постигнати 56 голови, пред него се шпанскиот напаѓач и неговиот некогашен соиграч од Реал Мадрид Раул Гонсалес, Кристиано Роналдо, Филипо Инѕаги и Лионел Меси.
Руд ван Нистелрој | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 1 јули 1976 | ||
Роден во | Ос, Холандија | ||
Држава | Холандија | ||
Висина | м | 1,88||
Играчки податоци | |||
Позиција | напаѓач | ||
Повлекување | 14 мај 2012 (35 г.) | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1993-1997 | Ден Бош | 69 | (17) |
1997-1998 | Херенфен | 31 | (13) |
1998-2001 | ПСВ | 67 | (62) |
2001-2006 | Манчестер Јунајтед | 150 | (95) |
2006-2010 | Реал Мадрид | 68 | (46) |
2010-2011 | Хамбургер | 35 | (13) |
2011-2012 | Малага | 28 | (4) |
Репрезентација ‡ | |||
1998-2011 | Холандија | 70 | (35) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Кариерата ја започна во тимот на Ден Бош, каде што помина 4 години, и постигна 17 голови, за да биде продаден во Херенфен каде што се задржал само една година при што забележал 31 настап и постигнал 13 гола. Во летото 1998 година, тој се преслил во тимот на ПСВ Ајндховен, каде што одиграл одлични две сезони и постигна 62 гола на 67 натпревари. Добрите игри во ПСВ Ајндховен беа забележани од Манчестер Јунајтед, каде што во 2000 година бил продаден за 19 милони фунти, но поради повреда тој го засилил Манчестер Јунајтед наредната 2001 година. Во Манчестер Јунајтед под водство на Сер Алекс Фергусон, освоил една шампионскa титула во Премиер лигата во сезоната 2002/2003, еден ФА куп во сезоната 2003/2004, еден Лига куп во 2005/2006 година и Комјунити Шилд сезоната 2003. Во сезозната 2002/2003 тој ја освоил златната копачка на Премиер лигата, како и најдобар играч во лигата.
Во 2006 година тој преминал во Реал Мадрид, и потпишал три годишен договор вреден 14 милони евра. Шпанската Ла Лига ја освоил две години по ред, во сезоните 2006/2007 и 2007/2008 по водство на Фабио Капело и Бернд Шустер. Во 2008 година го освоил и шпанскиот куп. Во Лигата на шампионите три години по ред бил најдобар стрелец, во сезоните 2001/2002, 2002/2003 и 2003/2004 година.
За Холандската репрезентација има одиграно 70 меча и постигнато 35 голови. Своето деби го имал во пријателски меч со Германија на 18 ноември 1998. Има настапено на две европски првенства во 2004 и 2008 и едно Светско првенство во 2006 година.
На 14 мај 2012 тој објави дека се повлекува од фудбалот на возраст од 35 години.