Арно Брекер (германски: Arno Breker; 19 јули 190013 февруари 1991) — германски вајар и веројатно најважниот уметник во нацистичка Германија, каде уживал поддршка од власта која ги истакнувала неговите дела како антитеза на таканаречената „изродена уметност“ (entartete Kunst).

Арно Брекер
Arno Breker
Арно Брекер во 1930-тите
Роден(а)Арно Брекер
19 јули 1900
Елберфелд (денес во состав на Вупертал)
Починал(а)13 февруари 1991(1991-02-13) (возр. 90)
Диселдорф
НационалностГерманец
Познат(а) повајарство, цртање
„Партијата“ — отелотворение на духот на Нацистичката партија

Роден е во Елберфелд (денес дел од Вупертал), а починал во Диселдорф.

Живот

уреди
 
Арно Брекер како ваја биста на Алберт Шпер (1940)
 
Арно Брекер во 1982

Брекер е роден во Елберфелд (Северна Рајна-Вестфалија) како син на каменорезец. Почнал да учи архитектура, камена резба и анатомија, а на возраст од 20 години се запишал во Диселдорфската уметничка академија каде се задржал на вајарството. За првпат го посетил Париз во 1924, кога бил при крајот на студиите. Таму ги запознал Жан Кокто, Жан Реноар, Пабло Пикасо, Даниел Анри Канвајлер и Алфред Флехтхајм. Во 1927 решил конечно да се пресели во Париз. Таму галеристот Алфред Флехтхајм набргу го прифатил како свој, а Брекер се спријателил со влијателни уметници како Шарл Деспио, Исаму Ногучи, Морис де Вламенк и Андре де Сегонзак, кои подоцна ги овековечил во бисти. Пропатувал низ северна Африка и изработич литографии објавени под насловот „Патување во Тунис“. Го посетил и Аристид Мајол, кој подоцна го опишал како „германскиот Микеланџело“.

Во 1932 министерството за култура на Прусија го наградило со едногодишен престој во Рим. Во 1934 се вратил во Германија по совет на Макс Либерман. Во овој период Алфред Розенберг бил уредник на весникот „Фелкишер Беобахтер“ и се изразил негативно за некои дела на Брекер, кои ги сметал за „изродени“. Меѓутоа Брекер наишол на поддршка од многу функционери, особено Адолф Хитлер. Подоцна дури и Розенберг ги величал неговите скулптури како израз на „моќта на влијание и волјата“ (Wucht und Willenhaftigkeit) на Германија.[1] Од 1933 до 1942 примал нарачки од нацистичките функционери и изложувал дела на разни места, вклучувајќи го Париз за време на окупацијата (1942) каде се сретнал со Жан Кокто, кој ги ценел неговите дела. Одржувал и лични пријателски врски со Алберт Шпер и Хитлер. Во 1936 победил на конкурсот за две скулптури на атлетско јунаштво по повод Олимпијадата во 1936 - едната е скулптура на десеттобоец, а другата е женска скулптура наречена „Победничка“ (Die Siegerin). Во 1937 се оженил со грчкиот модел Деметра Месала. Истата година земал книшка во Нацистичката партија и Хитлер го назачил за „официјален државен вајар“, му дал голем имот и студио со илјада помошници. Исто така бил ослободен од служење војска. На почесно место во дворот на Рајхсканцеларијата стоеле две негови скулптури: „Партијата“ и „Војската“.

 
Женска глава — фасада на амбасадата на Југославија (1939/40)

Неокласичното карактер на неговите дела, со наслови како „Другарство“, „Факелоносец“ и „Жртва“ наоѓал израз за нацистичките идеали, и бил во склад со духот на нацистичката архитектура. Меѓутоа доколку се подразгледаат пропорциите на телата, нијансираниот третман на површините (силниот контраст помеѓу темните и светлите нагласени делови) и мелодраматичната напнатост на мускулатурата, ќе заклучиме дека овие својства се должат на италијанските маниристички вајари од XVI век. Оваа маниристичка тенденција на Брекеровиот неокласицизам укажува на поголема блискост со експресионистичката наклоност на германскиот модернизам отколку што тоа се признава во критиката.

Сè до падот на Третиот Рајх, Брекер бил професор по ликовна уметност во Берлин. Иако речиси сите скулптури ја преживеале војната, над 90% од јавните дела се уништени од сојузните сили по војната. Во 1948 бил прогласен за соучесник на нацистите и му била наложена парична казна, по што се вратил во Диселдорф. Тука решил да остане до крајот на животот, со повремени периоди на престој во Париз. Работел на архитектура, но и понатаму работел на скулптури во неговиот препознатлив класичен стил, по нарачка на претпријатија и поединечни лица. Изработил и голем број бисти на разни личности. Во 1970 кралот на Мароко нарачал скулптура за зградата на ООН во Казабланка, но делото било уништено. По ова следеле бројни други дела како бистите на египетскиот претседател Анвар ел Садат и германскиот канцелар Конрад Аденауер. Неговата рехабилитација продолжила и дошла до тој степен што било решено да се отвори музеј на неговите дела. Музејот е основан со финансии од семејството Боденштајн, кои го отстапиле замокот Нерфених (меѓу Ахен и Келн) за таа намена. Отворен во 1985 г.

Рехабилитацијата на Брекер предизвикала реакции кај антинацистичките активисти, со изложувањето на неговите дела во центарот Помпиду во Париз (1981). Истата година во Берлин е отворена изложба на негови дела, што повторно предизвикало протести. Неговите обожаватели тврделе дека Брекер никогаш не ја поддржувал нацистичката идеологија (иако бил член на партијата), туку едноставно го прифатил нивното покровителство.

Последното дело на Брекер е монументална скулптура на Александар III Македонски по нарачка на Грција.

Дела

уреди

Бисти (претежно во бронза)

уреди
 
„Победник“ (1939)
 
Биста на Адолф Хитлер (1938)
 
Биста на Рихард Вагнер во Бајројт.
 
Биста на Салвадор Дали (1975)
 
Замокот Нерфених - музеј на Арно Брекер

Скулптури 1935–1945

уреди
  • „Прометеј“ (1935)
  • Релјеф на зградата на осигурителниот завод „Нордштерн“, (Берлин, 1936)
  • „Десеттобоец“ — олимписки стадион (Берлин 1936 - освоил сребрен медал)
  • „Победничка“ — олимписки стадион (Берлин, 1936)
  • „Дионис“ — олимписко село (Берлин, 1936)
  • „Ранети“ (1938)
  • „Коњоводец“ (1938)
  • „Милина“ (1938)
  • „Факелоносец“ („Партијата“) во дворот на Рајхсканцеларијата (1939)
  • „Мечоносец“ („Војската“) во дворот на Рајхсканцеларијата (1939)
  • „Гласници“ (1939)
  • „Вагач“ (1939)
  • „Готовност“ (1939)
  • „Одмаздник“ (1940)
  • „Другари“ (1940)
  • „Знаменосец“ (1940)
  • „Проштавање“ (1940)
  • „Уништување“ (1940)
  • „Жртва“ (1940)
  • „Расчекор“ (1940)
  • „Вагач“ (1941)
  • „Психа“ (1941)
  • „Повик“ (1941)
  • „Победник“ (1942)
  • „Клечење“ (1942)
  • „Еос“ (1942)
  • „Флора“ (1943)

Релјефи

уреди
  • „Дух“ (1938)
  • „Борци“ (1938)
  • „Аполон и Дафина“
  • „Истапување во борба“ (1941)
  • „Тргнување на борците“ (1940/41)
  • „Повикувач“ (1941)
  • „Орфеј и Евридика“ (1944)

Книги од Арно Брекер

уреди
  • Arno Breker: Schriften, 190 S., zahlreiche Abbildungen, Einleitung F.J. Hall, Marco Bonn-Paris-New York, ISBN 3-921754-19-4.
  • Arno Breker: Begegnungen und Betrachtungen, 1987, Marco Paris-New York, ISBN 3-921754-27-5.
  • Arno Breker: Über allem Schönheit, Farb-Katalog Festgabe zum 100.Geburtstag. Edition Dr.S. Nöhring/Museum Europäische Kunst,2000. ISBN 3-535 172-02-8

Книги за Арно Брекер

уреди
  • Ronald Hirlé: Arno Breker - Sculpteur - Dessinateur - Architecte (English,French,German), Paris 1010, ISBN 9782914729833
  • Dominique Egret: Arno Breker. Ein Leben für das Schöne, A life for the Beautiful, 352 S., 600 Photographs, 1997, German, English, French. ISBN 3-87847-157-2.
  • Hermann Leber: Rodin, Breker, Hrdlicka ISBN 3-487-10722-8
  • Volker G. Probst: Das Pietà-Motiv bei Arno Breker. Marco-Edition Bonn-Paris-New York,1985. ISBN 3-921754-25-9
  • Volker G. Probst: Der Bildhauer Arno Breker – Eine Untersuchung, Marco Edition, ISBN 3-921754-07-0.
  • Volker G. Probst: Das Bildnis des Menschen im Werk von Arno Breker, Studio de L'Art 1981 Berlin, Marco-VG, ISBN 3-921754-13-5.
  • B. John Zavrel: Arno Breker - His Art and Life, 1985 West-Art USA, ISBN 0-914301-01-2
  • Dr. Hans Klier: Arno Breker - Form und Schönheit, 1978 Salzburger Kulturvereinigung, Marco-Edition Bonn-Paris.
  • B. John Zavrel: Interview with Arno Breker: The divine Beauty in Art, New York, 1982, West-Art USA ISBN 0-914301-04-7.
  • Uwe Möller: Arno Breker - Zeichnungen-Drawings-Dessins 1927-1990, Bildband mit 110 Handzeichnungen, Museums-Edition. ISBN 3-921754-37-2
  • Roger Peyrefitte: Hommage a Arno Breker, 1980, Marco-Editeur Paris. mit 8 Originallithographien.
  • Ronald Reagan /Bush/Carstens: Salut America (zu 300 Jahre Einwanderung USA), Lithographien von Arno Breker. West-Art, N.Y.
  • Charles Despiau: Arno Breker, 1942, Bildband zur Retrospektive in der Orangerie Paris. Edition Flammarion/Frankreich.
  • Paul Morand, Salvador Dalí, Fuchs u.a.: Hommage a Arno Breker zum 75. Geburtstag des Künstlers 1975, Edition Fernand Mourlot/Marco Paris.
  • Rolf Schilling: Eros und Ares - Begegnung mit Breker, 1994, Edition Arnshaugk ISBN 3-926370-21-1
  • B.J. Zavrel: Arno Breker - His Art and Life, Westart-Art N.Y., 1983, Marco-VG Paris. ISBN 0-914301-01-2
  • B.John Zavrel/Benjiman D.Webb: Arno Breker - The Divine Beauity in Art, West-Art N.Y.1986. ISBN 0-914301-04-7
  • B.John Zavrel/ Peter Ludwig: Arno Breker-The collected writings, West-Art N.Y. 1990, Marco-VG Paris. ISBN 0-914301-13-6

Филмови и документарци

уреди
  • Arno Breker – Harte Zeit, starke Kunst, by Arnold Fanck, Hans Cürlis, Riefenstahl-Film GmbH, Berlin (1944)
  • Arno Breker - Skulpturen und Musik, by Marco J. Bodenstein, 20 Minuten, Marco-Edition Bonn.
  • Arno Breker - Deutsche Lebensläufe, Farbfilm 60 Minuten, Marco-VG, Bonn
  • Paris-Rom-Berlin und Arno Breker, and Interview with Albert Speer. Farbfilm, 60 Minuten, EKS Museum Europäische Kunst, Schloss 52388 Nörvenich.
  • Zeit der Götter (1992) (преглед)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди

Македонски

уреди

Странски

уреди