Главоболка
Главоболката (англиски: Headache или Cephalgia) е еден од најчестите симптоми кај луѓето, што подразбира болка во пределот на главата, лицето и горниот дел на вратот. Таа настанува како последица на различни нарушувања: од безопасни состојби што не бараат никакво лекување до опасни болести за животот.
Главоболка | |
---|---|
Жена со главоболка | |
Специјалност | Неврологија |
Главоболката се јавува кај приближно 10% од населението на западната полутопка и поради овој симптом околу 30% од нив се јавуваат на лекар. Во текот на животот главоболката се јавува најмалку еднаш кај 70-95% од луѓето и тоа најчесто на возраст од 20 - 40 години.[1]
Класификација
уредиНиз историјата имало неколку класификации на главоболката, а денес најмногу се користи онаа што ја објавило Меѓународното здружение за главоболка (англиски: International Headache Society), а се нарекува Меѓународна класификација на главоболката (англиски: The International Classification of Headache Disorders (ICHD))[2]. Првата верзија на таа класификација (ICHD-1) била објавена во 1988 година, додека сегашната ревизија ICHD-2 е објавена во 2004 година.[1]
Според новата класификација главоболките се делат во 14 класи. Првите четири класи ги опфаќаат примарните, следните осум ги опфаќаат секундарните главоболки, во класата 13 спаѓаат кранијалните невралгии, примарните и централните причина за болка на лицето, додека во класата 14 се некласифицираните и недоволно специфичните главоболки.
ICHD-2:
уредиПримарни главоболки
уреди- 1. Васкуларна главоболка (мигрена),
- 2. Главоболка предизвикана од вкочување на мускулите (тензиона главоболка),
- 3. Кластер главоболка и останати тригеминоавтономни главоболки,
- 4. Останати примарни главоболки:
- Hemicrania continua
- Коитална цефалгија
- (анг.) New daily persistent headache (NDPH)
Секундарни или симптоматски главоболки
уреди- 5. Главоболка поврзана со повреди на главата и/или вратот,
- 6. Главоболка поврзана со васкуларни нарушувања на главата или вратот,
- 7. Главоболка предизвикана од неваскуларни интракранијални нарушувања,
- 8. Главоболка предизвикана од разни супстанци или по прекин на нивно земање,
- 9. Главоболка предизвикана од општи инфекции,
- 10. Главоболка поврзана со нарушувања на хомеостазата,
- 11. Главоболка или болка на лицето предизвикана од нарушувања на черепот, вратот, увото, носот, синусите или останатите структури на лицето и черепот,
- 12. Главоболка поврзана со психијатриски нарушувања.
Невралгии и останати главоболки
уреди- 13. Кранијални невралгии, централна и примарна болка на лицето,
- 14. Останати главоболки.[1]
Главоболката како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Купив главоболка“ (I Bought A Headache) - песна на американската рок-група „Риплејсментс“ (The Replacements) од 1981 година.[3]
- „Главоболка“ (Headache) - песна на американскиот рок-музичар Френк Блек (Frank Black) од 1994 година.[4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Републичка стручна комисија за израду и имплементацију водича у клиничкој пракси, Министарство здравља Републике Србије, Српско лекарско друштво: Главобоља - национални водич за лекаре у примарној здравственој заштити, Београд, новембар 2005. ISBN 86-85313-31-7
- ↑ Headache Classification Subcommittee of the International Headache Society (2004). „The International Classification of Headache Disorders, 2nd Edition“ (PDF). Cephalagia. Oxford, England, UK: Blackwell Publishing. 24 (Supplement 1): 1–160. ISSN 0333-1024. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-03-31.
- ↑ YouTube, The Replacements - Sorry Ma, Forgot To Take...1981 (Full Album 2002)US (пристапено на 12.6.2017)
- ↑ YouTube, Headache - Frank Black (пристапено на 25.4.2017)
Ве молиме, обрнете внимание на ова важно предупредување во врска со темите од областа на медицината (здравјето). |