Гимназија „Панче Попоски“ - Гостивар
СОУ „Гостивар“ — гимназиско средно училиште во Гостивар, Општина Гостивар. До 2006 година, училиштето го носело називот „Панче Попоски“.
СОУ „Гостивар“ | |
Училиштето во 2022 година | |
Место | |
Општина: | Гостивар |
Место: | Гостивар |
Адреса: | ул. „Ристо Оџаклиески“ б.б. |
Основни информации | |
Настава на: | македонски, турски и албански |
Контактни информации | |
тел. | 042 272 052[1] |
Историја
уредиОсновање
уредиИмето на училиштето било во чест на Панче Попоски (1924-1944) кој бил македонски комунист, учесник во НОВ, народен херој. Гимназијата „Панче Попоски“ е основана со одлука на Собранието на Општина Гостивар во 1960 година и започнало со работа од учебната 1960/61 со две паралелки, на македонски и албански јазик, со по 35 ученици. Првата генерација на матуранти била од учебната 1963/64 година.[2]
2000-ти
уредиДо учебната 2004/2005, во гимназијата „Панче Попоски“ биле реализирани исклучиво Наставниот план и програмите за средно гимназиско образование. Врз основа на донесената одлука од страна на Министерството за образование и наукa (04 ноември 2004 година), во рамките на гимназијата „Панче Попоски“, од учебната 2004/2005 биле реализираат и Наставните планови и програмите за одредени образовни профили од средното стручно медицинско училиште.[2]
Со одлука на Управниот одбор на училиштето од 8 март 2006 година, гимназијата „Панче Попоски“ била преименувана во СОУ „Гостивар“.[2]
Во тој период, во рамките на гимназиското образование биле реализирани наставните планови и програми за реформирано гимназиско образование, односно за природно-математичко и општествено-хуманистичко подрачје. Во рамките на стручното медицинско образование се реализираат наставниот план и програмите за здравствена струка – медицинска сестра-техничар.[2]
Во учебната 2006/07, бројот на ученици бил 2,862. Тие биле распоредени во вкупно 82 паралелки, од кои 59 гимназиски паралелки и 23 медицински паралелки (7 од гимназиските паралелки биле во Неготино, додека 7 во Ростуше).[2]
Галерија
уреди-
Влезот на училиштето
-
Влезот на училиштето
-
Училиштето гледано од улица
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Средни училишта“. Гостивар: Општина Гостивар. Архивирано од изворникот на 2022-08-23. Посетено на 23 август 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „За гимназијата“. Гостивар: СОУ „Панче Попоски“. 5 јуни 2007. Архивирано од изворникот на 30 септември 2007. Посетено на 23 август 2022.