Венко Филипче
Венко Филипче (р. 13 јуни 1977 во Скопје) — македонски неврохирург, поранешен министер за здравство и моментален претседател на СДСМ.
Венко Филипче | |
---|---|
На должноста 25 декември 2017 – 16 јануари 2022 | |
Претходник | Арбен Таравари |
Лични податоци | |
Роден(а) | 13 јуни 1977 Скопје, СР Македонија, СФР Југославија |
Установа | Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ — Скопје |
Животопис
уредиРоден е на 13 јуни 1977 година во Скопје. Средното училиште го завршува во 1995 година. Венко Филипче дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 2001 година. Неговата специјализација по неврохирургија започнала во 2003 а завршила во 2008 година. Во 2004 година бил избран за асистент на факултетот.
Магистериумот по неврохирургија го одбранил во 2011 година, а докторската дисертација, насловена “Евалуација на адекватен тајминг за третман на руптурирани интракранијални аневризми” во 2015 година.[1]
Пред да стапи на министерската функција бил советник за здравство на претседателот на Владата Зоран Заев и доцент на Медицинскиот факултет во Скопје.
Список на објавени медицински статии
уреди- Filipce V, Pillai P, Makiese O, Zarzour H, Pigott M, Ammirati M. Quantitative and qualitative analysis of the working area obtained by endoscope and microscope in various approaches to the anterior communicating artery complex using computed tomography-based frameless stereotaxy: a cadaver study. Neurosurgery. 2009 Dec;65(6):1147 – 52
- Filipce V, Ammirati M. Quantitative and qualitative analysis of the working area obtained by endoscope and microscope in pterional and orbitozigomatic approach to the basilar artery bifurcation using computed tomography based frameless stereotaxy: A cadaver study. Asian J Neurosurg. 2015 AprJun;10(2):69 – 74
- Valavanis A, Filipce V, Khan N. Selective and superselective angiography of pediatric moyamoya disease angioarchitecture: the anterior circulation. Baltsavias G, Interv Neuroradiol. 2014 Jul-Aug;20(4):391 – 402
- Baltsavias G, Khan N, Filipce V, Valavanis A.Selective and superselective angiography of pediatric moyamoya disease angioarchitecture in the posterior circulation. Interv Neuroradiol. 2014 Jul-Aug;20(4):403 – 12
- Filipce V, Caparoski A. The Effects of Vasospasm and ReBleeding on the Outcome of Patients with Subarachnoid Hemorrhage from Ruptured Intracranial Aneurysm. Pril (Makedon Akad Nauk Umet Odd Med Nauki). 2015;36(3):77 – 82
Наводи
уреди- ↑ „Доц. Д-р Венко Филипче“. Zdravstvo.gov.mk. Посетено на 18 June 2020.
Надворешни врски
уреди- „Венко Филипче“. Влада на Република Северна Македонија. Архивирано од изворникот на 14 март 2020.
„Венко Филипче“ на Ризницата ? |
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Арбен Таравари |
Министер за здравство декември 2017 – сега |
Наследник ' |