Арбаути
Арбаути[2] (грчки: Σεβαστή) — село во Општина Катерина во округот Пиерија, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Арбаути Σεβαστή | |
---|---|
Грчката православна црква во селото | |
Координати: 40°21′N 22°32′E / 40.350° СГШ; 22.533° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Пиерија |
Општина | Катерина |
Општ. единица | Коринос |
Надм. вис. | 93 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 653 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на 14 километри северно од градот Катерина и на 7 километри северно од центарот на општината, Коринос. Селото се наоѓа на надморска височина од 93 метри[3].
Историја
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според Тодор Симовски селото било основано во атарот на напуштеното село Арабути, кое подоцна го добило името Севасти. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија.
Демографија
уредиВо 1928 година селото било чисто бегалско со 148 семејства и 446 бегалци[4], додека во 1940 година селото броело 956 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 984 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 820 жители, во 1971 година имало 427 жители, во 1981 година имало 484 жители, додека во 1991 година имало 513 жители[5]. Денеска, населението на селото е 653 жители според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 956 | 984 | 820 | 427 | 484 | 513 | 736 | 653 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Религија
уредиГлавната православна црква во селото е посветена на „Свети Никола“. Постојат уште и два параклиси - „Свети Ѓорѓи“ и „Света Троица“. Во селото има грчка евангелистичка црква која била основана во 1924 година, главно од бегалци, кои дошле од Мала Азија. Освен тоа, во селото има и заедница на Пентекосталисти. Нивната црква била изградена во 1934 година. Меѓу овие три верски заедници денес постои мирен и хармоничнен соживот[6].
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπαούτι -- Σεβαστή
- ↑ Координати од www.fallingrain.com
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 124.
- ↑ Ελευθέρα Αποστολική Εκκλησία Πεντηκοστής - Η ιστορία της. Τι πιστεύει. Πως πολιτεύεται., Εκδόσεις ΟΡΟΣ, Αθήνα 2006, σελ. 13