Абрахадабра

(Пренасочено од Абракадабра)

Абракадабра или Абрахадабра е збор кој за првпат јавно се појавува во „Книга на Законот“, главниот свет текст на Телема. Нејзиниот автор, Алистер Кроули, го опишал зборот како „збор на новиот Еон, кој означува дека е завршена големата работа.“ [1]

Ова е во склад со неговото верување дека текстот на Либер Легис што го навестува новиот Еон за човештвото е воден од богот Ра-Хоoр-Кут (модел на Хор). Според тоа, Абракадабра е „магиска формула“ на новиот век. Не треба да се меша со зборот „Телема“ од Законот на Еонот, кој значи волја.

Опис

уреди

Кроули ја заменил буквата `к` во зборот со `х`. Во неговиот есеј „Гематрија“ објаснува дека оваа промена ја открил со помош на кабалистички методи. Понатаму објаснува дека ова се случило пред јануари 1901 година, односно пред неговата средба со Оскар Екенштајн, еден од неговите учители. (На таа средба Екенштајн му заповедал да ја остави на страна магиката за кратко и да практикува медитација и концентрација.[2] Во „Гематрија“, Кроули вели дека многу се заинтересирал за зборот Абрахадабра и неговиот кабалистички број 418 во времето кога му било заповедано да престане со проучување на магиката и Кабалата. Зборот Абракадабра се повторува почесто во инвокацијата на Хор од 1904 година, што водело до пишување на Либер Легис и основањето на Телема.[3] Исто така се појавува во дневникот од мај 1901 година, кој Кроули го печател во „Еквинокс“.[4]

Есејот „Гематрија“ нуди хиндуистички, христијански и „несекташки“ верзии на проблемот на кој Кроули му го наменил овој збор како одговор. Тој исто така нуди и кабалистички еквивалент за секоја фраза, и краток симболички одговор за сите.

Несекташката верзија гласи: „Јас сум конечен квадрат; Сакам да бидам едно со бескрајниот круг.“ Нумеролошкото објаснување на Кроули за АБРАХАДАБРА главно се задржува на оваа последна формулација и одговорот на неа.

Абракадабра исто така се однесува на „Светот на двојната моќ“. Поточно, го претставува соединувањето на микрокосмосот со макрокосмосот — претставено со пентаграм и хексаграм, роза и крст, круг и квадрат, 5 и 6, и така натаму — исто така наречено и достигнување на знаењето и разговор со својот ангел чувар. Во „Коментарите“ Кроули вели дека зборот е симбол на „воспоставувањето на столбот или фалусот на макрокосмосот... во празнината на микрокосмосот.“

Мистични интерпретации

уреди

Гематрија

уреди

Како и повеќето нешта засновани во мистичните дела на Алистер Кроули, зборот Абракадабра може да се разгледа со помош на гематријата, која е кабалистички метод, и претставува форма на нумерологија, каде претставувањето се заснова на бројчени вредности.

  • ABRAHADABRA = 418
  • ABRAHADABRA има 11 букви
  • ABRAHADABRA = 1+2+2+1+5+1+4+1+2+2+1 = 22
  • Петте букви во зборот се: A, круна; B, стап; D, пехар; H, меч; R, крст на рози; а натаму одговараат на Амон, таткото, Тот, неговиот гласник, Изида, Хор, Озирис, божествено-човечкото тројство.
  • Исто така 418 = ATh IAV, суштината на IAO
  • 418= BVLShKIN, или Болескин (Boleskine)
  • 418= RA HVVR, или Ра Хоор (Ra Hoor)
  • 418= ∑(13-31)
  • Abrahadabra доаѓа од Abrasax, Таткото Сонце, каде = 365 [5]
  • 418 = 22 x 19 манифестација

Други објаснувања

уреди

На арамејски јазик овој збор грубо преведен значи: „Творам како што зборувам.“

  • „Хад“ е клучниот дел од зборот Абрахадабра. Хад е другото име на Хадит, вториот говорник во „Либер Легис“.
  • АБРАХАДАБРА е „Клучот на ритуалите“ затоа што е магична формула која обединува различни комплементарни идеи; посебно Пет на микрокосмосот со Шест на микрокосмосот. [1]
  • Абракадабра е глиф на мешањето на 5 и на 6, Розата и Крстот. [2]

Извадоци од Либер Легис

уреди
  • „Абрахадабра; награда на Ра Хоор Кут.“ (AL III:1)
  • „Оваа книга ќе биде преведена на сите јазици: но секогаш со автентичен ракопис на Ѕверот; зашто во случајната форма на буквите и нивната меѓусебна положба: во нив се мистериите што ниеден Ѕвер нема да ги прорече. Нека не се обидува да бара: но еден доаѓа по него, не кажувам од каде, кој ќе го открие Клучот на сето ова. Затоа оваа повлечена линија е клуч: затоа овој круг поделен на четири, во својот недостаток е исто така клуч. И Абрахадабра. Тоа ќе биде неговото дете и тоа чудно. Нека не го бара ова; зашто така може само да отпадне.“ (AL III:47)
  • „Крајот на зборовите е зборот Абрахадабра.“ (AL III:75)

Наводи

уреди
  1. harv|Crowley|1997|loc=Liber Samekh
  2. Sutin, Do What Thou Wilt, p.85
  3. (Еквинокс I (7), 1912)
  4. „Храмот на кралот Соломон. IV“ во Еквинокс I (4), 1910
  5. harv|Crowley|1996|p=24

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди