Кантабриски Планини
Кантабриски Планини (шпански: Cordillera Cantábrica, астурски: Cordelera Cantábrica) — планински венец во Шпанија кои се протегаат на северот на Шпанија во должина од 300 км, од западниот крај на Пиринеите до Галисискиот Масив во Галисија, долж брегот на Кантабриското Море. Источниот крај преоѓа во Ибериските Планини.
Кантабриски Планини | |
---|---|
Cordillera Cantábrica / Cordelera Cantábrica | |
Торе де Середо (2.650 м) — највисок врв на Кантабриските Планини | |
Највисока точка | |
Врв | Торе де Середо |
Надм. височина | 2.648 м |
Величина | |
Должина | 300 км З-И |
Ширина | 50 км С-Ј |
Име | |
Наречено по | Кантабрија |
Географија | |
Земји | Шпанија |
Заедници | Баскија, Кастиља и Леон, Кантабрија, Астурија |
Координати | 43°11′51″N 04°51′06″W / 43.19750° СГШ; 4.85167° ЗГД |
Се граничи со | Пиринеи и Галисија |
Период | карбон, палеозоик, мезозоик |
Вид карпа | варовничка |
Овие планини сочинуваат посебна физиографска покраина во рамките на поголемиот алпско-хималајски појас и поделени се на три дела: Западни, Источни и Средни, сите со свои особености.
Планините се познати по бројните планинарски и искачувачки патеки, како и по скијалиштата „Алто Кампо“, „Валгранде-Пахарес“ и „Мансанеда“.
Венецот има неколку заштитени подрачја како Националниот парк Пикос де Еуропа, еден од неколкуте месни паркови опфатени од Светската мрежа на биосферни резервати на УНЕСКО и мрежата Натура 2000 на ЕУ, како и посебните заштитени подрачја за запазување на птичјиот свет.
Географија
уредиКантабриските Планини се протегаат во правец исток-запад, речиси напоредно на морето, сè до превојот Лејтариегос. а на југ меѓу Леон и Галисија. Западната граница ја образува долината на реката Мињо, долното течение на нејзината притока Сил и реката Кабрера, нејзина мала притока. Југозападната граница на венецот навлегува во Португалија.
Од особен интерес е сложената разгранетост на планините. Се забележуваат два главни венца, од кои продолжуваат помали сртови и планински образби. Едниот дел го следи морскиот брег, додека другиот е повисок и ја образува северната граница на големата висорамнина на Кастиља и Леон и понекогаш се смета за продолжеток на Пиринеите. Некои делови се мошне стрмни и изгледаат како да се издигаат право од морето.
Јужниот дел поблаго се спушта кон висорамнината на Кастиља, и тука извираат неколку поголеми реки како Ебро и течат во јужен и западен правец. Гледајќи го во целина со сите негови разгранови, кантабрискиот венц достигнува ширина од 97 км на исток до 185 км на запад. Венецот има многу врвови повисоки од 1.800 м, а највисокиот дел се издига од средишните сртови на границата меѓу Леон, Астурија, Паленсија и Кантабрија. Тука е сместен највисоките врвови како Торе де Середо (2.648 м), Пења Вјеха (2.648 м), Пења Приета (2.531 м) и Еспигвете (2.407 м). Од десниот брег на реката Села, во состав на Пикос де Еуропа се издига безимен врв на висина од 2.452 м, а поназапад се сместени слично високите Манподрес, Пења Убиња, Пења Рубија и Куиња. Меѓу забележителностите на ланецот се разните парамери, кои се изолирани висорамнини обиколени со високи планини и стрмни карпи.
Катабриските Планини исцртуваат јасна граница помеѓу т.н. „зелена Шпанија“ на север и сувата Централна Висорамнина јужно. Северните падини имаат обилни циклонски дождови од Бискајскиот Залив, додека пак јужните се во дождовна сенка.
Растителен и животински свет
уредиВенецот е дом на многу растителни видови, но и важни животински подвидови како кантабриската мечка (Ursus arctos pyrenaicus) и кантабрискиот тетреб (T. urogallus cantabricus), иберискиот волк (Canis lupus signatus) и кантабриската дивокоза (Rupicapra pyrenaica parva). Некои од нив се загрозени.
Галерија
уреди-
Типичен шумски предел
-
Зимски предел
-
Кантабриска кафеава мечка
-
Ибериски волк
-
Врвот Трес Марес
-
Карпестиот врв Уриелјо
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Кантабриски Планини на Ризницата ?
- Природа на Иберија — портал за природата на Шпанија и Португалија (англиски)