Таур

планински венец во Турција

Таур (турски: Toros Dağları, старогрчки: Όρη Ταύρου) — планински систем во јужна Турција кој го дели Средоземниот регион од Анадолската Висорамнина. Системот се протега во лак, од езерото Егирдир на запад до горното течение на реките Тигар и Еуфрат на исток.

Таур
Toros Dağları
Демирказак во покраината Нигде
Највисока точка
ВрвДемирказак
Надм. височина3.756 м
Географија
Таур is located in Турција
Таур
Местоположба на Таур во Турција
Земји Турција
Координати37° N; 33° E / 37° N; 33° E / 37; 33Координати: 37° N; 33° E / 37° N; 33° E / 37; 33

Поделен е на три венци (од запад кон исток):

  • Западен Таур (Batı Toroslar)
    • Ак, Беј, Катранџик, Гејик
  • Среден Таур (Orta Toroslar)
    • Акчали, Булгар, Ала, Тахтали
  • Југоисточен Таур (Güneydoğu Toroslar)
    • Нурхак, Малатиски Пл., Маден, Генч, Битлис

ИсторијаУреди

Името Таур доаѓа од старогрчкиот поим Ταύρου, чие потекло има две верзии. Според едната, поимот доаѓа од семитското tûr, што значи „планина“.[1] Според другата пак, планините се така наречени поради на Хуритите и другите стари Сиријци кон богот на бурата, кој има лик на бик (грч. Ταύρος).[2] Се верувало дека тој предизвикувал полноводност во реките Тигар и Еуфрат, кои потоа се поплавувале и давале плодно земјиште.[3] Поради ова, по планините некогаш имало поголем број на храмови посветени на овој бог,[4]

Кај Кестел има археолошко наоѓалиште од бронзено време, каде се ископувал калај за добивање бронза.[5] Превојот наречен во антиката „Киликиска Врата“ е премин преку венецот северно од Тарс.

За време на Првата светска војна, германско-турските железнички коловоци низ Таур претставувале важна цел за силите на Антантата. Откако го зазеле ова подрачје, конечно дошло до примирје и крај на борбите против Отоманското Царство.[6]

ГеографијаУреди

Планините Ала и Булгар (Болкар) се одликуваат со одронети варовнички карпи, од кои настанале карстни предели со водопади, понорници и некои од поголемите пештери во Азија. Од јужните падини на венецот Беј извира реката Манавгат.[7]

ЗнаменитостиУреди

Покрај планинарството и алпинизмот,[8] венецот нуди два скијачки центра — еден во Даврас (25 км од Егирдир и Испарта) и друг во Саклакент (40 км од градот Анталија).

Железничката линија Конија-Адана минува преку забележителниот вијадукт Варда, висок 98 м, кој е изграден од Германците во 1910-тите години.

Западен ТаурУреди

Западен Таур и остатокот од Таур образуваат лак околу Анталискиот Залив. Овој дел е одвоен од од Среден Таур со висорамнината Ташели и реката Ѓоксу. Има поголем број на врвови високи преку 3.000–3.700 м. Групата се дели на четири венци:[8]

  • Беј (западен) — највисок врв: Кизларсивриси 3.086 м
  • Ала (средишен) — највисок врв: Демирказак 3.756 м
  • Булгар (југоисточен) — највисок врв: Медетсиз 3.524 м
  • Мунзур (североисточен) — највисок врв: Акбаба 3.462 м
    • Мерџан (во склоп на Мунзур)

Највисока планина во Среден Таур е Демирказак (3.756 м).[8]

Среден ТаурУреди

Среден Таур приближно се протега на североисток од покраините Мерсин и Анталија

Југоисточен ТаурУреди

Југоисточен Таур ја образува северната граница на регионот Југоисточна Анадолија и Северна Месопотамија. Тука извираат реките Тигар и Еуфрат.

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Оттука арапскиот назив جبال طوروس.
  2. „Ταύρος“ — Грчко-македонски речник
  3. H.W.F. Saggs, The greatness that was Babylon: a survey of the ancient civilization of the Tigris-Euphrates Valley, Sidgwick & Jackson, 2nd Revised edition, 1988, стр. 380.
  4. Alberto Ravinell and Whitney Green, The Storm-god in the Ancient Near East, стр. 126
  5. Yener, K.A. (2000) The Domestication of Metals: The Rise of Complex Metal Industries in Anatolia Brill, Leiden, ISBN 90-04-11864-0
  6. Price, Ward "Danger in Taurus Tunnels", New York Times, 16 декември 1918
  7. "Реката Манавгат како ограничен, но алтернативен извор на водоснабдување за домашна употреба на Блискиот Исток" (PDF). Посетено на 2008-02-16. (англиски)
  8. 8,0 8,1 8,2 „Планинарство во Турција“ — портал „Сè за Турција“ (англиски)

Надворешни врскиУреди