Јужна Англија

Јужна Англија е географска област во Англија која го зафаќа нејзиниот најјужен дел кој се карактеризира со културни, економски и политички разлики од Мидлендс и Северна Англија. Разликата помеѓу југот и остатокот од Англија и Велика Британија понекогаш се нарекува поделба на север и југ. Со вкупно население од речиси 28 милиони жители; и површина од 62042 квадратни километри, во Јужна Англија живее приближно 40% од населението од Обединетото Кралство и зафаќа приближно 25% од неговата површина.

Јужна Англија
Југот на Англија
Прекар(и): Југот
На сликата Јужна Англија е обоена со жолто.
На сликата Јужна Англија е обоена со жолто.
Суверена Држава
Во состав на
10 најголеми населени места
Површина
 • Вкупно62.042 км2 (23,955 ми2)
Население (2011)
 • Вкупно27.945.000
 • Густина450/км2 (1,200/ми2)
 • Градскo22.806.000
 • Селска5.139.000
ДемонимЈужњак
Часовен појасGMT (UTC)
 • Лете (ЛСВ)BST (UTC+1)

ГеографијаУреди

Јужна Англија се граничи со Велс, англискиот регион Мидлендс и преку море со Франција, Белгија и Холандија.

Лондон е најголемиот град во Јужна Англија и е главен град на Обединетото Кралство. Метрополитенската област Лондон има население од 14,2 милиони (2019), со што тој е најголемата метрополитенска област во Европа. [1]

Демографски податоциУреди

ЈазикУреди

Јужна Англија има дијалект и акцент различен од другите делови на ОК. Поради важноста на Југот во медиумите и политиката, стандардниот британски англиски во голема мера се заснова на англискиот што се зборува во Јужна Англија. На пример, стандардниот британски изговор е многу сличен со говорот во Лондон, Оксфорд и Кембриџ. [2]

КорнскиУреди

Корнскиот јазик е оживеан јазик и е важен дел од идентитетот и културата на народот од Корнвол. [3]

Административна поделбиУреди

РегиониУреди

За економски и географски цели, Јужна Англија е поделена на четири подрегиони: Југозападна Англија, Југоисточна Англија, Голем Лондон и Источна Англија.

Церемонијални грофовииУреди

Во многу дефиниции, Јужна Англија вклучува многу окрузи на/близу Ламанш. Церемонијалните грофовии се:

Западен:

Јужна:

Источна:

  • Есекс
  • Норфолк
  • Сафолк

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. „Eurostat - Data Explorer“. 2020. Посетено на 19 December 2020.
  2. Robinson, Jonnie. „Received Pronunciation“. British Library. Посетено на 22 November 2019.
  3. „Funding boost to safeguard Cornish language announced“. GOV.UK. Посетено на 19 December 2020.