Анадолска Плоча
Анадолска Плоча — континентална тектонска плоча (или потплоча)[1][2] одвоена од Евроазиска Плоча со Северноанадолскиот Расед и Арапска Плоча со Јужноанадолскиот. Најголемиот дел од Турција е сместен на Анадолската Плоча.[3] Најголемите земјотреси во регионот во минатото се случиле на северниот расед. Оној во Ерзинџан од 1939 г. и разорниот земјотрес во Турција и Сирија од 2023 г. се случиле дож Источноанадолскиот избивачки расед каде Арапската Плоча хоризонтално се лизга крај Анадолската.[4][5]
Анадолска Плоча | |
---|---|
Вид | микро |
Движење1 | југозападно |
Брзина1 | 21 мм годишно |
Опфаќа | Анадолија |
1Во однос на Африканската Плоча |
Според Американскиот природонаучен музеј, анадолскиот трансформен раседен систем е веројатно најактивниот во светот.[6] Источноанадолскиот Расед, лево страничен трансформен расед, ја образува границата со Арапската плоча.[7] На југ и југоисток има приближувачка граница со Африканската Плоча. Ова приближување се јавува како набивни образби во океанската кора под Средоземното Море како и во континенталната кора на самата Анадолија. Дејствува и по зоните на подвлекување долж Елинскиот и Кипарскиот Лак. Северниот раб е трансформна граница со Евроазиската Плоча, сочинувајќи ја Северноанадолската Раседна Зона.
Истражувањата покажуваат дека Анадолската Плоча се врти надесно под дејство Арапската која ја турка на запад, а северното движење е спречено од Евроазиската Плоча.[8] Некои плочата ја нарекуваат „блок“ од континентална кора кој сè уште е приврзан за Евроазиската Плоча, но проучувањата покажуваат дека Анадолската Плоча е одвоена од Евроазиската.[8] Денес Арапската Плоча ја притиска Анадолската од исток и ја тера да оди на запад, а Евроазиската од север ја спречува да се движи во накај неа. Африканската Плоча се подвлекува под Анадолската долж Кипарскиот и Елинскиот Лак во Средоземното Море.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Eastern Turkey IRIS Report“.
- ↑ Özalp, Selim; Kürçer, Akın; Özdemir, Ersin; Duman, Tamer Y. (2016). „The Bekten Fault: the palaeoseismic behaviour and kinematic characteristics of an intervening segment of the North Anatolian Fault Zone, Southern Marmara Region, Turkey“. Geodinamica Acta. 28 (4): 347–362. Bibcode:2016GeoAc..28..347O. doi:10.1080/09853111.2016.1208524.
The Anatolian tectonic block (sub-plate) is being affected by converging plate movements that occur between the Arabian-African and Eurasian plates (e.g. Armijo, Meyer, Hubert, & Barka, Citation1999; Bozkurt, Citation2001; Jackson & McKenzie, Citation1984; Le Pichon, Chamot-Rooke, Lallemant, Noomen, & Veis, Citation1995; McKenzie, Citation1972, 1978; Şengör, Citation1979, 1980; Sengör, Görür, & Saroglu, Citation1985; Taymaz, Jackson, & McKenzie, Citation1991).
- ↑ Magazine, Smithsonian; Osborne, Margaret. „7.8-Magnitude Earthquake Felt 'Like the Apocalypse' in Turkey and Syria“. Smithsonian Magazine.
- ↑ „Here's what we know about what caused the Turkey earthquake“. NPR. Посетено на 15 февруари 2023.
- ↑ „Eastern Turkey IRIS Report“. atlas.geo.cornell.edu.
- ↑ „Anatolian Fault, Turkey | AMNH“.
- ↑ Dwivedi, S.K.; Hayashi, D. (август 2010). „Modeling the contemporary stress field and deformation pattern of eastern Mediterranean“. Journal of Earth Science. 21 (4): 365–381. Bibcode:2010JEaSc..21..365D. doi:10.1007/s12583-010-0100-6. S2CID 128589145.
- ↑ 8,0 8,1 Reilinger, R.E.; McClusky, S.C.; Oral, M.B.; King, R.W.; Toksoz, M.N.; Barka, A.A.; Kinik, I.; Lenk, O.; Sanli, I. (10 мај 1997). „Global Positioning System measurements of present-day crustal movements in the Arabia-Africa-Eurasia plate collision zone“. Journal of Geophysical Research: Solid Earth. 102 (B5): 9983–9999. Bibcode:1997JGR...102.9983R. doi:10.1029/96JB03736.
Надворешни врски
уреди- Анадолска Плоча на Ризницата ?