Остров Вајт
остров и грофовија во Англија
Островот Вајт (англиски: Isle of Wight) е церемонијална грофовија и најголем и втор по население остров во Англија, Обединето Кралство. Островот се наоѓа во Англискиот Канал и е одделен од Хемпшир и копнена Англија преку протокот Солент.
Иако историски бил дел од Хемпшир, островот станал посебен административен округ во 1890 година. Во 1974 година била создадена новата церемонијална грофовија. Освен заедничката полициска управа и англиканските цркви кои припаѓаат на Епархијата Портсмут, денес Островот Вајт нема административна поврзаност со Хемпшир.