Ерменска Висорамнина
Ерменска Висорамнина (ерменски: Հայկական լեռնաշխարհ, Хајкакан лернашхарх) — планинско подрачје на северот на западна Азија и највисока од трите висорамнини во регионот.[1] На запад се граничи со Анадолската Висорамнина што постепено се издига од низинското крајбрежје на Егејското Море на просечна висина од 910 м.[1] Во Ерменија, висорамнината нагло се искачува од 900 на 2.000 м во просек.[1] На југоисток се граничи со Иранската Висорамнина, каде надморската височина набргу се спушта на 600-1.500 м.[1]
Ерменска Висорамнина Հայկական լեռնաշխարհ | |
Планини на висорамнината кај турско-иранската граница
| |
Земја | Ерменија Азербејџан Грузија Иран Турција |
---|---|
Највисока точка | Арарат |
- височина | 5.137 м |
- координати | 39°17′1″N 44°16′16″E / 39.28361° СГШ; 44.27111° ИГД |
Површина | 400.000 км2 |
Сателитска снимка на Ерменската Висорамнина
|
Во антиката подрачјето се нарекувало Голема Ерменија и имало важна улога во развојот на ерменската цивилизација и претставува една од трите геополитички области на ерменскиот народ (другите две се Мала Ерменија и Софена). Во средниот век на висорамнината се доселиле туркиски народи во мошне голем број. Поради ова го добила и името Туркоманија.
Низ историјата, на висорамнината живееле повеќе разни народи како Хуроурарти, Ерменци, Грузијци, Асирците, Курди, Персијци, Грци, Арапи, Турци и Монголци. Христијанското население во западната половина на подрачјето е истребено со Ерменскиот геноцид во почетокот на XX век.
Денес најбројни народи се Ерменците, Азерите, Грузијците, Курдите и Турците.
Географија
уредиВисорамнината зафаќа површина од 400.000 км2.[2] Во подалечното минато ова било сеизмички активно подрачје,[3] чиј вулканизам создал големи релјефни образби и низа масиви. Тектонските движења создале предуслови за настанокот на трите најголеми езера — Севан, Ван и Урмија.[4] Од тие причини, висорамнината изобилува со вода.[5]
Најголемиот дел од висорамнината денес се наоѓа во турската област Источна Анадолија, но опфаќа и делови во северозападен Иран, цела Ерменија и западните краишта на Азербејџан.[2] Западните делови на висорамнината го сочинуваат масивот Мал Кавказ, кој се смета за прататковина на Ерменците.[6]
Историја
уредиВо текот на периодот од 4000 до 1000 г. п.н.е., на висорамнината се произведувал метал и метални предмети, кои потоа се тргувале во соседните региони. Според преданијата, се смета за едно од можните места кајшто се наоѓа библиската Еденска градина.[7] Висорамнината е наречена и „епицентар на железното време“, бидејќи се смета дека тука за првпат се појавила металургијата (крај на II милениум п.н.е.).[8] Во раното железно време, висорамнината била под власта на кралството Урарту (Арарат).
Земјата Арата опишана во епот „Гилгамеш“ одговара на денешната Ерменска Висорамнина.[9]
Во текот на стариот и средниот, висорамнината престставувала јаболко на раздорот помеѓу големите држави како Византија и Османлиите, Персија и Арапите. Во XVI век подрачјето конечно потпаднало под отоманска власт, а во XIX век играло важна улога како граница помеѓу Отоманското и Руското царство. На почетокот на XX век, турскиот аскер го спровел познатиот Ерменски геноцид, збришувајќи огромен број на луѓе од висорамнината и преименувајќи го подрачјето во Источна Анадолија.[10] По распадот на царството, Ерменската Висорамнина претставувало тромеѓе помеѓу Турција, Иран и СССР, а по распадот на сојузот и помеѓу Ерменија, Грузија и Азербејџан.[9]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Hewsen, Robert H. "The Geography of Armenia" in The Armenian People From Ancient to Modern Times Volume I: The Dynastic Periods: From Antiquity to the Fourteenth Century. Richard G. Hovannisian (ed.) New York: St. Martin's Press, 1997, стр. 1-17
- ↑ 2,0 2,1 Ерменска Висорамнина — Енциклопедија „Британика“ 2007 (англиски)
- ↑ Volcanoes, their structure and significance Thomas George Bonney - 1912 - стр. 243
- ↑ Пилотен проект на Смарагдната мрежа во Ерменија — Совет на Европа (англиски)
- ↑ Der Völkermord an den Armeniern, Nikolaĭ Oganesovich Oganesian - 2005 - стр. 6
- ↑ Barbara A. West (2009). Encyclopedia of the Peoples of Asia and Oceania. Infobase Publishing. стр. 47. ISBN 978-0-8160-7109-8. Посетено на 20 September 2011.
- ↑ Mesopotamian Trade. Noah's Flood: The Garden of Eden, W. Willcocks, H. Rassam стр. 459-460
- ↑ Lang, David M. Armenia: Cradle of Civilization. London: George Allen & Unwin, 1970, стр. 50-51, 58-59.
- ↑ 9,0 9,1 Encyclopedia of the Peoples of Asia and Oceania, By Barbara A. West, 2009, стр. 47
- ↑ The Armenian Genocide: Cultural and Ethical Legacies - стр. 3, by Richard G. Hovannisian - 2011
- Hewsen, Robert H. (2001), Armenia: A Historical Atlas (I. изд.), Chicago, IL: University of Chicago Press, ISBN 0-226-33228-4