Административна поделба на Латвија

Денешната административна поделба на Латвија стапила на сила на 1 јули 2021 г.

Земјата има 43 единици на локална самоуправа, од кои 36 општини (novadi) и 7 државни градови (valstspilsētas). Сè до административната реформа изгласана на 10 јуни 2020 г. Латвија имала 110 општини и 9 државни градови (дотогаш нарекувани „републички“)[1][2] Општините понатаму се делат на жупи, градови и паланки.

По осамостојувањето на Латвија имало две претходни реформи. Едната во 2009, а другата во 1990 г. (кога биле вратени жупите).

Државни градови со самостојна управа

уреди
 
Државни градови и општини на Латвија во 2021 г.
 
Државни градови, општини, жупи и градови/паланки на Латвија во 2022 г.
 
Карта на жупите на Латвија во 2022 г.

Законот за административна поделба од 2020 г. ги наведува Огре и дотогашните девет за државни градови. Во него се вели дека Иецава и Кокнесе стануваат државни градови во 1 јули 2021 г. Меѓутоа, според истиот закон само седум државни градови имаат свои управи, т.е. не спаѓаат во ниедна општина. Од останатите три државни градови, Јекабпилс и Валмиера влегле во општините Јекабпилс и Валмиера, а Огре во општината Огре.[2]

Грб Град Латвиски Население
(2021)[3]
 
Вентспилс Ventspils 33.372
 
Даугавпилс Daugavpils 80.627
 
Јелгава Jelgava 55.336
 
Јурмала Jūrmala 50.248
 
Лиепаја Liepāja 67.964
 
Резекне Rēzekne 26.839
 
Рига Riga 614.618

Општини

уреди

Од 1 јули 2021 г. постојат 36 општини во Латвија:[4][5]

Грб Општина Латвиски Население
(2021)[3]
 
Адажи Ādažu novads 21.134
 
Ајзкраукле Aizkraukles novads 29.367
 
Алуксне Alūksnes novads 13.861
 
Аугшдаугава Augšdaugavas novads 25.927
 
Балви Balvu novads 19.015
 
Бауска Bauskas novads 41.755
 
Валка Valkas novads 7.596
 
Валмиера Valmieras novads 51.370
 
Варакљани Varakļānu novads 2.945
 
Вентспилс Ventspils novads 10.777
 
Гулбене Gulbenes novads 19.619
 
Добеле Dobeles novads 28.517
 
Јекабпилс Jēkabpils novads 40.576
 
Јелгава Jelgavas novads 31.969
 
Јужна Курландија Dienvidkurzemes novads 33.364
 
Ќекава Ķekavas novads 30.077
 
Краслава Krāslavas novads 21.459
 
Кулдига Kuldīgas novads 27.736
 
Ливани Līvānu novads 10.636
 
Лимбажи Limbažu novads 28.546
 
Луѕа Ludzas novads 21.777
 
Мадона Madonas novads 28.692
 
Марупе Mārupes novads 32.824
 
Огре Ogres novads 57.617
 
Олајне Olaines novads 19.705
 
Преиљи Preiļu novads 16.759
 
Резекне Rēzeknes novads 29.643
 
Ропажи Ropažu novads 31.697
 
Саласпилс Salaspils novads 22.868
 
Салдус Saldus novads 27.110
 
Саулкрасти Saulkrastu novads 9.230
 
Сигулда Siguldas novads 30.625
 
Смилтене Smiltenes novads 18.155
 
Талси Talsu novads 35.699
 
Тукумс Tukuma novads 44.411
 
Цесис Cēsu novads 41.161

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Saeima finally approves major regional reforms“. Latvian Public Broadcasting. 11 јуни 2020. Посетено на 12 јуни 2020.
  2. 2,0 2,1 „Law on Administrative Territories and Populated Areas, 2020 version“. Likumi. Latvijas Vēstnesis. 22 јуни 2020. Посетено на 7 јуни 2021.
  3. 3,0 3,1 „Population by sex and age group in regions, cities, municipalities, towns, rural territories, neighbourhoods and densely populated areas at the beginning of the year by Sex, Age group, Territorial unit and Time period“. Official Statistics Portal.
  4. Upleja, Sanita (1 јуни 2021). „Varakļāni paliek kā atsevišķs novads; Rēzeknes un Varakļānu novadā vēlēšanas pārceltas (plkst. 16.15)“. Delfi. Посетено на 7 јуни 2021.
  5. „Grozījumi Administratīvo teritoriju un apdzīvoto vietu likumā“. Likumi. Latvijas Vēstnesis. 2 јуни 2021. Посетено на 7 јуни 2021.