Плански региони во Латвија

Плански региони во Латвија (латвиски: Latvijas plānošanas reģioni) — територијални единици кои не се дел од административната поделба на државата и не се споменати во законот за територијална поделба на Латвија, туку нивната цел е за полесно управување на развојот на целата територија. Латвија има пет плански региони: Латгале, Рига, Курземе, Виѕеме и Земгале. Границите на регионите се одредени според границите на општините од кои се составени регионите и се според новата административна поделна на Латвија од 1 јули 2009.[1]

Региони

уреди
Регион Најголем град Површина (км2) Население и густина (жит/км2)
Рига Рига 10.132 1.098.523 — (108,3)
Курземе Лиепаја 13.596 301.621 — (22,1)
Латгале Даугавпилс 14.549 343.646 — (23,5)
Земгале Јелгава 10.733 281.928 — (26,1)
Виѕеме Валмиера 15.246 235.576 — (15,4)
Латвија Рига 64.256 2.261.294 — (34,9)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Administratīvo teritoriju un apdzīvoto vietu likums“ (латвиски). likumi.lv. 2008-12-08. Посетено на 2010-01-10.

Надворешни врски

уреди