Валмиера (германски: Wolmar, естонски: Volmari) — најголем град во регионот Виѕеме, Латвија, со површина од 18,1 квадратни километри. Тој е центар на општината Валмиера. Во 2002 градот имал 27.323 жители, а во 2017 имал 24.818 жители. Се наоѓа на крстопатот на неколку важни патишта, 100 километри североисточно од Рига, главниот град на Латвија, и 50 километри јужно од границата со Естонија. Валмиера се наоѓа на двата брега на реката Гауја.[1]

Валмиера
Град
центарот на градот со црквата Св. Симон
центарот на градот со црквата Св. Симон
Знаме на ВалмиераГрб на Валмиера
Држава Латвија
Статус на град1323
Управа
 • ГрадоначалникЈанис Баикс
Површина
 • Вкупна18,18 км2 (702 ми2)
Население
 • Вкупно24.818
 • Густина1.365/км2 (3,540/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Поштенски бројLV-4201 LV-4202 LV-4204
Повикувачки број+371 642
Број на градски советници13

Валмиера и најблиската околина биле едни од најстаро населените региони на Латвија. Археолошките докази покажуваат дека местото било населено уште пред 9.000 години. Главни стопански гранки во Валмиера се прехранбената индустрија (млеко, месо и жито), производството на фиберглас, браварскиот занает, преработка на дрво и производство на мебел. Градот е домаќин на КК Валмиера, кој ја освоил кошаркарската лига на Латвија во сезоната 2015–16.

Збратимени градови

уреди

Валмиера е збратимена со:

Наводи

уреди
  1. Fischer, Jürgen E. „Announcing the release of QGIS 2.2“. OSGeo.org. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 22 February 2014.
  2. „Networks, town twinning and partnerships“ (PDF). City of Solna. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-08-04. Посетено на 2013-08-04.