Аугшдаугава (општина)

општина во Латвија

Аугшдаугава (латвиски: Augšdaugavas novads, „Горна Даугава“) — општина во југоисточна Латвија. Го опкружува независниот град Даугавпилс, во кој е сместена општинската управа иако самиот не е дел од неа. Основана е со административната реформа во 2021 г.

Општина Аугшдаугава
Augšdaugavas novads
општина
Пределот Аугшземе во жупата Свенте
Пределот Аугшземе во жупата Свенте
Знаме на Општина АугшдаугаваГрб на Општина Аугшдаугава
Местоположба на општината Аугшдаугава во Латвија
Местоположба на општината Аугшдаугава во Латвија
Земја Латвија
Основана1 јули 2021
СедиштеДаугавпилс (вонтериторијално)
Површина[1]
 • Вкупна2.524 км2 (975 ми2)
Најг. вис.[2]&10000000000002206000000220,6 м
Население
 • проц. од (2021)[1]25.927
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Мреж. местоaugsdaugavasnovads.lv

Географија

уреди
 
Поглед на даугава од видиковската кула источно од Даугавпилс.[3]
 
Скулптурата „Сончоглед“ која ја бележи најјужната точка на Латвија во жупата Демене.[3]
 
Големиот ницгалски камен во жупата Ницгале.

Општината зафаќа површина од 2.524 км2.[1] Сместена е во југозападниот дел на областа Латгалија во источна Латвија и од сите страни го опкружува градот Даугавпилс. Се граничи со општините Јекабпилс на северозапад, Ливани на север, Преиљи на североисток и Краслава на исток.[1] Воедно се граничи со Паневешкиот и Утенскиот округ во Литванија на запад и југозапад, и Витепската област во Белорусија на југоисток. Најјужната точка на Латвија се наоѓа во жупата Демене на границата во Литванија, и е обележана со скулптура.[3]

Областа Аугшземе (со значење „возвишение“) се протега во јужно-средишниот дел на општината и претставува заштитен предел со површина од 208,13 км2.[4] Во неа се езерата Свенте и Медуми. На ова подрачје е и Егљукалнс, највисоката точка на општината[5] со висина од 220,6 м.н.в.[2] и има скијачки центар.[6]

Во општината тече реката Даугава доаѓајќи од исток, а потоа свртува кон Даугавпилс. Долината на Даугава источно од градот е заштитен предел кој навлегува и во општината Краслава.[7]

Во северниот дел на општината Аугшдаугава има трет заштитен предел — Ницгалската Шума во жупата Ницгале.[8] На источната граница стои Големиот ницгалски камен, најголемиот од камените балвани во Латвија со зафатнина од 170 м3.[9]

Историја

уреди

Општината Аугшдаугава територијално се совпаѓа со поранешниот округ Даугавпилс (1967-2009). Со реформата од 2009 г. округот е укинат и поделен на општините Даугавпилс и Илуксте. Во 2020 г. парламентот одобрил административна реформа со која бројот на општини се намалува од 119 на 42. Тогаш општината Аугшдаугава е создадена со спојување на дотогашните општини Даугавпилс и Илуксте.[10]

Административна поделба

уреди
 
Бебренскиот дворец во жупата Бебрене.

Општината има 15 советници.[11] Граѓанската заштита, образованието и комуналиите се заедничка надлежност на општината и градот Даугавпилс.[12]

Општината е поделена на две паланки и 25 жупи:[10][12]

Население

уреди

Во 2021 г. општината броела 25.927 жители. Ова претставува пад од 39 % во однос на 42.483 жители во 2000 г. и пад за 22 % во однос на 33.222 жители во 2011 г.[1]

Истата година Илуксте имало 2.169, а Субате имало 596 жители.[13]

Стопанство и инфраструктура

уреди

Аугшдаугава е претежно земјоделска општина: во 2005 г. 71 % од површината на тогашниот округ Даугава биле наменети за земјоделство, претежно одгледување на житарки и говеда.[5] Општината ја опслужуваат следниве државниот автопати: A6, кој го поврзува Даугавпилс со Јекабпилс и Рига на северозапад, како и Краслава и белоруската граница на исток; A13, кој се протега од литванската граница југозападно од Даугавпилс, минува низ градот и оди преку Резекне до руската граница североисточно од Карсава и A14, западна обиколница на Даугавпилс.[5] Низ општината проаѓаат и гасоводот Рига-Даугавпилс, како и делницата Унеча–Полоцк–Вентспилс од поранешниот нафтовод „Дружба“.[5][14] Меѓународниот аеродром Даугавпилс се наоѓа во Лоцики, североисточно од Даугавпилс.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Brinkhoff, Thomas (31 мај 2021). „Latvia: Administrative Division“. City Population. Посетено на 6 јуни 2021.
  2. 2,0 2,1 „The highest hill summits in Latvia“. Official Statistics Portal. Central Statistical Bureau of Latvia. 16 април 2021. Посетено на 6 јуни 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 „The mark of the most southern point of Latvia "Saules puķe". Daugavpils Tourist Information Centre. Посетено на 6 јуни 2021.
  4. „Augšzeme“. Dabas aizsardzības pārvalde. 24 октомври 2020. Посетено на 6 јуни 2021.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 „Par Daugavpils rajonu - skaitļi un fakti“. Daugavpils District. Архивирано од изворникот на 17 октомври 2007.
  6. „Ski resort "Egļukalns". Daugavpils Tourist Information Centre. Посетено на 6 јуни 2021.
  7. „Augšdaugava“. Dabas aizsardzības pārvalde. 24 октомври 2020. Посетено на 6 јуни 2021.
  8. „Nīcgales meži“. Dabas aizsardzības pārvalde. 29 октомври 2020. Посетено на 11 јуни 2021.
  9. Pavils, Gatis (2009). „Boulders“. Ambermarks. Посетено на 11 јуни 2021.
  10. 10,0 10,1 „From mid-2021 onward Latvia will have 42 municipalities“. Baltic News Network. 11 јуни 2020. Посетено на 6 јуни 2021.
  11. „Pašvaldību vēlēšanas: balsu skaitīšana beigusies. Kuras partijas valdīs jaunizveidotajos Latvijas novados?“. Jauns.lv. 5 јуни 2021. Посетено на 6 јуни 2021.
  12. 12,0 12,1 „Law on Administrative Territories and Populated Areas“. Likumi. Latvijas Vēstnesis. 22 јуни 2020. Посетено на 6 јуни 2021.
  13. „IRD060. Population by sex in regions, cities, municipalities, towns and rural territories at the beginning of the year by Sex, Territorial unit, Indicator and Time period“. National Statistical System of Latvia. Central Statistical Bureau of Latvia. 31 мај 2021. Посетено на 6 јуни 2021.
  14. Lee, Julian (26 април 2019). „Russia's Druzhba Pipeline System Closed“. Rigzone. Посетено на 6 јуни 2021.

Надворешни врски

уреди