Јужна Курландија
Јужна Курландија или Јужно Курземе (латвиски: Dienvidkurzemes novads) — општина во западна Латвија. Го опкружува градот Лиепаја, трет по големина во земјата. Основана е со административната реформа во 2021 г. Седиште е паланката Гробиња.[4]
Општина Јужна Курландија Dienvidkurzemes novads | |||
---|---|---|---|
општина | |||
Урнатини на Гробињскиот замок | |||
Местоположба на општината Јужна Курландија во Латвија | |||
Земја | Латвија | ||
Основана | 1 јули 2021 | ||
Седиште | Гробиња | ||
Површина[1] | |||
• Вкупна | 3.591 км2 (1,386 ми2) | ||
Најг. вис.[2] | 190 м | ||
Население | |||
• проц. од (2021)[3] | 33.364 | ||
• Седиште | 3.522 | ||
Час. појас | EET (UTC+2) | ||
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||
Мреж. место | dkn.lv |
Географија
уредиЈужна Курландија е најголемата општина во Латвија со површина од 3.591 км2.[1] Сместена е во југозападниот дел на областа Курландија во западна Латвија, на брегот на Балтичкото Море. Се граничи со општините Вентспилс на север, Кулдига на североисток и Салдус на исток. Територијално го опкружува пристанишниот град Лиепаја на запад.[6] На југ и југоисток се граничи со Клајпедскиот и Телшјајскиот округ во Литванија. Најзападната точка на латвија е ’ртот Бернати во жупата Ница јужно од Лиепаја.[7][8]
Бреговата линија на општината Јужна Курландија е долга преку 100 км.[9] Ерозијата на брегот северно од Лиепаја е забрзана од бранобраните на пристаништето кои го попречуваат преносот на песок во северен правец долж брегот. Брегот јужно од Лиепаја има песокливи плажи и дини, зад кои се наоѓаат лагуни и мочуришни низини. Најголеми лагуни се езерата Лиепаја и Тосмарес на општинската граница со Лиепаја, како и езерото Папе крај границата со Литванија.[10] Возвишението Риетумкурса се издига источно од крајбрежната низина, при што највисока точка во општината е Криевукалнс (190 м) во жупанијата Ембуте.[2]
Низ општината течат реки како Барта (која тече од Литванија и завршува во езерото Лиепаја), Дурбе и Тебра, кои се слеваат образувајќи ја реката Сака кај истоименото село. Сака се влева во Балтичкото Море кај Павилоста.
Природниот резерват Папе зафаќа површина од 10.853 ха и го опфаќа езерото Папе со околните предели.[11] Го сочинува копнениот дел од Моклишниот комплекс Папе кој е рамсарско место, но и соседниот морски предел, со вкупна површина од 51.725 ха.[12][13] Природниот парк Бернати ги опфаќа ’ртот Бернати и ридот Пусену, највисоката песочна дина во Латвија со 37 м.[8] Во северниот дел на општината е Природниот резерват Грињу.
Историја
уредиОпштината Јужна Курландија површински одговара на поранешниот округ Лиепаја (1991-2009). Со укинувањето на окрузите во 2009 г. овој округ е поделен на општините Ајзпуте, Дурбе, Гробиња, Ница, Павилоста, Приекуле, Руцава и Вајњоде. Во 2020 г. парламентот одобрил административна реформа со која бројот на општини се намалува од 119 на 42. Споменатите општини се споени, и така е создадена општината Јужна Курландија.
Административна поделба
уредиОпштината има 19 советници.[14] Граѓанската заштита, образованието и комуналиите се заедничка надлежност на општината и градот Лиепаја.[4][15]
Население
уредиВо 2021 г. општината броела 33.364 жители. Ова претставува пад од 28 % во однос на 46.451 жители во 2000 г. и пад за 13 % во однос на 38.351 жители во 2011 г.[3][6]
Општинското седиште Гробиња во 2021 г. имало 3.522 жители. Најголемо населено место е Ајзпуте, со проценето население од 4.036 жители за истата година.[16]
Стопанство и инфраструктура
уредиПозначајни гранки во Јужна Курландија се туризмот, земјоделството, шумарството и риболовот.[9] Поважни сообраќајни врски се државниот пат A9 од Лиепаја за Рига и A11 од Лиепаја за граничниот премин кај Руцава. Во правец исток-запад низ општината се протега железничката линија Јелдава-Лиепаја. Во општината е сместен и Меѓународниот аеродром Лиепаја, во Цимдениеки веднаш источно од Лиепаја.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Līcīte, Madara (10 јуни 2020). „Saeima nobalso par novadu reformu: būs 42 vietvaras, valstspilsētas un nulles līmeņa pašvaldības“. LSM. Посетено на 6 јуни 2021.
- ↑ 2,0 2,1 „The highest hill summits in Latvia“. Official Statistics Portal. Central Statistical Bureau of Latvia. 16 април 2021. Посетено на 8 јуни 2021.
- ↑ 3,0 3,1 „IRS040. Provisional indcators characterising population in 42 local governments (after administrative-territorial reform in 2021) by Indicator, Territorial unit and Time period“. National Statistical System of Latvia. Central Statistical Bureau of Latvia. 6 февруари 2021. Архивирано од изворникот на 2021-06-08. Посетено на 8 јуни 2021.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 „Law on Administrative Territories and Populated Areas“. Likumi. Latvijas Vēstnesis. 22 јуни 2020. Посетено на 6 јуни 2021.
- ↑ „Atmodas iela 19“. Aizpute Local History Museum. Посетено на 10 јуни 2021.
- ↑ 6,0 6,1 Brinkhoff, Thomas (31 мај 2021). „Latvia: Administrative Division“. City Population. Посетено на 6 јуни 2021.
- ↑ Markots, Aivars (8 јуни 2020). „Latvijas galējie punkti“. Latvian National Encyclopedia. National Library of Latvia. Посетено на 8 јуни 2021.
- ↑ 8,0 8,1 „Nature Park "Bernāti"“. Liepāja region tourism information office. Посетено на 6 јуни 2021.
- ↑ 9,0 9,1 „Liepājas rajons“. Liepāja District. Архивирано од изворникот на 14 април 2009.
- ↑ Bird, Eric C. F., уред. (2010). „Latvia“. Encyclopedia of the World's Coastal Landforms. Springer. ISBN 9781402086380. Посетено на 6 јуни 2021.
- ↑ „Nature Park“. Pape Nature Park. Посетено на 6 јуни 2021.
- ↑ „Latvia“. NorBalWet. Архивирано од изворникот на 2022-12-02. Посетено на 6 јуни 2021.
- ↑ „Pape Wetland Complex“. Ramsar Sites Information Service. 27 март 2003. Посетено на 6 јуни 2021.
- ↑ „New South Kurzeme region: From the bog border to the sea coast“. Baltics News. 8 април 2021. Посетено на 6 јуни 2021.
- ↑ 15,0 15,1 „From mid-2021 onward Latvia will have 42 municipalities“. Baltic News Network. 11 јуни 2020. Посетено на 6 јуни 2021.
- ↑ „IRD060. Population by sex in regions, cities, municipalities, towns and rural territories at the beginning of the year by Sex, Territorial unit, Indicator and Time period“. National Statistical System of Latvia. Central Statistical Bureau of Latvia. 31 мај 2021. Посетено на 6 јуни 2021.
Надворешни врски
уреди- Јужна Курландија на Ризницата ?
- Портал на Општина Јужна Курландија (латвиски) (англиски)