Огре
Огре (латвиски: Ogre; германски: Oger; литвански: Uogrė) — град во општината Огре на областа Виѕеме во Латвија. Се наоѓа на 36 км источно од Рига, на утоката на реките Даугава и Огре. Во 2023 г. населението броело 22.884 жители.[2]
Огре Ogre | |||
---|---|---|---|
државен град | |||
Поглед на Огре | |||
Земја | Латвија | ||
Општина | Огре | ||
Станал град | 1928 | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Егилс Хелманис | ||
Површина[1] | |||
• Вкупна | 16,18 км2 (625 ми2) | ||
• Земјишна | 14,38 км2 (555 ми2) | ||
• Вода | 1,8 км2 (7 ми2) | ||
Население (2024)[2] | |||
• Вкупно | 22,767 | ||
• Густина | 14/км2 (36/ми2) | ||
Час. појас | EET (UTC+2) | ||
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||
Пошт. бр. | LV-500(1-3) | ||
Повик. бр. | +371 650 | ||
Членови на советот | 13 | ||
Мреж. место | ogre.lv |
Градот е сочинет од три дела: Јауногре (со значење „Ново Огре“), Огре (центарот) и Парогре (со значење „Преку [реката] Огре“). Наречен е по реката Огре. За првпат се споменува како село „Огер“ на германски во 1206 г. Во 1861 г. кога е изградена железницата Рига–Даугавпилс тука жителите на Рига почнале да градат летниковци. Во 1862 г. Огре станал лекувалиште. Огре е прогласено за град во 1928 г.
Грбот е донесен во 1938 г. и на него е прикажана реката и боровата шума околу местото.
Во градот има дом на културата, ликовно и музичко училиште. Има три училишта на латвиски и едно на руски во Јауногре.
Во градот има и гробишта на германските војници загинати во двете светски војни и во заробеништво помеѓу 1944 и 1951 г.
Спортови
уредиНајпопуларни спортови во градот се хокејот на мраз, кошарката и ракометот.
ФК „Огре“ е главен фудбалски клуб во градот и игра во првата лига на Латвија.
Наводи
уреди- ↑ „Reģionu, novadu, pilsētu un pagastu kopējā un sauszemes platība gada sākumā“. Посетено на 31 јули 2024.
- ↑ 2,0 2,1 „Iedzīvotāju skaits pēc tautības reģionos, pilsētās, novados, pagastos, apkaimēs un blīvi apdzīvotās teritorijās gada sākumā (pēc administratīvi teritoriālās reformas 2021. gadā)“. Посетено на 19 јуни 2024.
Извори
уреди- Alvre, Paul Eesti ja liivi keeleaines Henriku Liivimaa kroonikas (III) (Keel ja Kirjandus, 1985)
Надворешни врски
уреди- Огре на Ризницата ?
- Матична страница (латвиски) (англиски)