Валмиера (општина)
Валмиера (латвиски: Valmieras novads) — општина во северна Латвија, на околу 180 км западно од главниот град Рига. Основана е со административната реформа во 2021 г. Седиште е градот Валмиера.
Општина Валмиера Valmieras novads | |||
---|---|---|---|
општина | |||
Центарот на Валмиера со црквата „Св. Симон“ во позадина | |||
Местоположба на општината во Латвија | |||
Земја | Латвија | ||
Основана | 2021 | ||
Седиште | Валмиера | ||
Површина[1] | |||
• Вкупна | 2.948 км2 (1,138 ми2) | ||
Население | |||
• проц. од (2021)[1] | 51.370 | ||
• Седиште | 22.971 | ||
Час. појас | EET (UTC+2) | ||
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||
Мреж. место | valmiera.lv |
Географија
уредиОпштината Валмиера зафаќа површина од 2.948 км2.[1] Се наоѓа во северозападниот дел на областа Виѕеме во северна Латвија, на границата со Естонија. Се граничи со општините Валка на исток, Смилтене на југоисток, Цесис на југ и Лимбажи на запад. Исто така се граничи со естонските окрузи of Перну на северозапад, Вилјанди на север и Валга на североисток. Најсеверната точка на Латвија е сместена на границата со Естонија во жупата Ипиќи и е обележана со скулптура.[2]
Највисока точка во општината е Зилајскалнс со надморска висина од 127 м.[3] Старите Латгалци овој рид го сметале за свет, а на него во советско време живеела народната исцелителка Марта Зилајскалнска.[4] Возвишението Сакала се протега од јужна Естонија во северниот дел на општината, и неговата највисока точка во Латвија е ридот Пикас со 107,6 м.н.в.[5]
Поважни реки во општината Валмиера се:
- Гауја, чие течение спротиводно од градот Валмиера е прогласен за заштитен предел „Зиемељгауја“,[6] а низводното е во Националниот парк Гауја;[7] and
- Салаца, која го одводнува езерото Буртниекс, најголемо во општината.[3]
Северниот дел на општината влегува во Биосферниот резерват Северно Виѕеме.
Историја
уредиВо 2020 г. парламентот одобрил административна реформа со која бројот на општини се намалува од 119 на 42. Општината Валмиера е образувана со спојување на градот Валмиера со дотогашните општини Беверина, Буртниеки, Коцени, Мазсалаца, Наукшени, Рујиена и Стренчи.[8] Со исклучок на општината Стренчи, овие единици биле составни делови на поранешниот округ Валмиера.
Административна поделба
уредиВо 2021 г. општинскиот совет на валмиера имал 19 члена.[9]
Општината се дели на градот Валмиера, 4 паланки и 26 жупи:[8][10]
Население
уредиВалмиера е втора општина по населеност во Латвија, веднаш по Огре.[11] Се проценува дека во 2021 г. во неа живееле 51.370 лица. Ова претставува пад за 24 % од проценетите 67.433 во 2000 г. и пад од 11 % во однос на 57.854 жители на во 2011 г.[1]
Градот Валмиера брои 22.971 жители (2021).[12]
Стопанство и инфраструктура
уредиВо 2018 г. градот Валмиера имал БДП по глава на жител од 16.918 евра, на второ место по главниот град Рига.[13] Претставува регионално средиште на производството и образованието.[14][15] Во градот се наоѓа Виѕемската виша школа.
Низ општината оди државниот пат A3 и железничката линија Рига-Лугажи,[3] која ја поврзува Валмиера со Рига на југозапад и Валка на североисток (на естонската граница).
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Brinkhoff, Thomas (31 мај 2021). „Latvia: Administrative Division“. City Population. Посетено на 6 јуни 2021.
- ↑ 2,0 2,1 „Ipiķu pagasts“. Rūjiena Municipality. Посетено на 6 јуни 2021.[мртва врска]
- ↑ 3,0 3,1 3,2 „Rajons“ (латвиски). Valmiera District. Архивирано од изворникот на 2 јуни 2008.
- ↑ „Blue Hill (Zilaiskalns)“. EnterGauja. Посетено на 6 јуни 2021.
- ↑ „The highest hill summits in Latvia“. Official Statistics Portal. Central Statistical Bureau of Latvia. 16 април 2021. Посетено на 6 јуни 2021.
- ↑ „Ziemeļgauja“. Dabas aizsardzības pārvalde. 30 октомври 2020. Посетено на 6 јуни 2021.
- ↑ „Gauja National Park“. Investment and Development Agency of Latvia. 30 октомври 2020. Посетено на 6 јуни 2021.
- ↑ 8,0 8,1 „From mid-2021 onward Latvia will have 42 municipalities“. Baltic News Network. 11 јуни 2020. Посетено на 6 јуни 2021.
- ↑ „Valmieras novada vadītāja Baika pārstāvētā partija saņem 12 no 19 deputātu mandātiem“. TVNET. 6 јуни 2021. Посетено на 6 јуни 2021.
- ↑ „Law on Administrative Territories and Populated Areas“. Likumi. Latvijas Vēstnesis. 22 јуни 2020. Посетено на 6 јуни 2021.
- ↑ Līcīte, Madara (10 јуни 2020). „Saeima nobalso par novadu reformu: būs 42 vietvaras, valstspilsētas un nulles līmeņa pašvaldības“. LSM. Посетено на 6 јуни 2021.
- ↑ „IRD060. Population by sex in regions, cities, municipalities, towns and rural territories at the beginning of the year by Sex, Territorial unit, Indicator and Time period“. National Statistical System of Latvia. Central Statistical Bureau of Latvia. 31 мај 2021. Посетено на 6 јуни 2021.
- ↑ „Gross domestic product by region and city (at current prices) 2000 - 2018“. Official Statistics Portal. Central Statistical Bureau of Latvia. 28 декември 2020. Посетено на 6 јуни 2021.
- ↑ „1.5 % of total national value added is generated in Valmiera“. Central Statistical Bureau of Latvia. 13 август 2020. Посетено на 6 јуни 2021.
- ↑ „About Valmiera“. City of Valmiera. Посетено на 6 јуни 2021.
Надворешни врски
уреди- Валмиера (општина) на Ризницата ?
- Портал на Општина Валмиера (латвиски) (англиски)