Сојузни држави и територии на Австралија
(Пренасочено од Административна поделба на Австралија)
Сојузни држави и територии на Австралија — најкрупните административни единици во земјата. Австралија се состои од шест сојузни држави и разни територии; копнена Австралија има пет сојузни држави и три територии, а шестата е островската држава Тасманија на југ. Покрај ова, постојат шест островски територии како и Австралиска Антарктичката Територија.
Сите сојузни држави и две од трите внатрешни територии имаат свои парламенти и самоуправа. Останатите територии се под непосредна управа на федералната влада, со исклучок на островот Норфолк, кој ужива делумна самоуправа.
Сојузни држави и територии
уредиЗнаме | Сој. држава/територија | ISO[2] | Пошт. ознака |
Тип | Главен град (или најголемо нас. место) | Население | Површина (км²) |
---|---|---|---|---|---|---|---|
Австралиска Антарктичка Територија | надв. тер. | (Мосон) | 1.000 | 5.896.500 | |||
Божиќен Остров | CX | надв. тер. | Флаинг Фиш Коув | 1.493 | 135 | ||
Викторија | AU-VIC | VIC | држава | Мелбурн | 5.547.527 | 227.416 | |
Ашмор и Картие | надв. тер. | (Вест Ајленд) | 0 | 199 | |||
Западна Австралија | AU-WA | WA | држава | Перт | 2.296.411 | 2.529.875 | |
Јужна Австралија | AU-SA | SA | држава | Аделаида | 1.644.642 | 983.482 | |
Квинсленд | AU-QLD | QLD | држава | Бризбејн | 4.516.361 | 1.730.648 | |
Кокосови Острови | CC | надв. тер. | о-в Вест | 628 | 14 | ||
Коралноморски Острови | надв. тер. | (о-в Вилис) | 4 | 10 | |||
Нов Јужен Велс | AU-NSW | NSW | држава | Сиднеј | 7.238.819 | 800.642 | |
Норфолк | NF | надв. тер. | Кингстон | 2.114 | 35 | ||
Северна Територија | AU-NT | NT | надв. тер. | Дарвин | 229.675 | 1.349.129 | |
|
Тасманија | AU-TAS | TAS | држава | Хобарт | 507.626 | 68.401 |
Австралиска Престолнинска Територија | AU-ACT | ACT | внат. тер. | Канбера | 358.894 | 2.358 | |
Херд и Макдоналд | HM | надв. тер. | (Атлас Коув) | 0 | 372 | ||
Џарвис Беј | JBT | внат. тер. | (Џарвис Беј Вилиџ) | 611 | 70 |
Статистики
уредиСој. држава/територија | Копнена површина (км²) | Ранг | Население (2006) | Ранг | Густина (ж/км²) | Ранг | % од насел. во гл. град |
Ранг |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Викторија | 227.416 | VI | 5.297.600 | II | 22 | II | 71% | IV |
Западна Австралија | 2.529.875 | I | 2.163.200 | IV | 0,79 | VII | 73,4% | III |
Јужна Австралија | 983.482 | IV | 1.601.800 | V | 1,56 | VI | 73,5% | II |
Квинсленд | 1.730.648 | II | 4.279.400 | III | 2,26 | V | 46% | VII |
Нов Јужен Велс | 800.642 | V | 6.967.200 | I | 8,44 | III | 63% | V |
Северна Територија | 1.349.129 | III | 219.900 | VIII | 0,15 | VIII | 54% | VI |
Тасманија |
68.401 | VII | 498.200 | VI | 7,08 | IV | 41% | VIII |
Австралиска престолнинска територија | 2.358 | VIII | 344.200 | VII | 137,53 | I | 99,6% | I |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Изворите на податоците ќе ги најдете на поединечните статии за сојузните држави и територии.
- ↑ ISO 3166-2:AU (ISO 3166-2 кодови за сојузните држави и територии на Австралија)
Надворешни врски
уреди- За управата на сојузните држави и територии на Австралија - CityMayors (англиски)