Северна Територија
Северната Територија (англ. Northern Territory) е федерална територија во Австралија, зафаќајќи поголем дел од централниот дел на континентот како и северниот дел на Австралија. Се граничи со Западна Австралија на запад, Јужна Австралија на југ и Квинсленд на исток. На север територијата излегува на Тиморкото Море, Арафурското Море и Карпентарискиот Залив. Иако е трета најголема федерална единица на Австралија со околу 1.349.129 км2, таа е слабо населена со население од околу 219.948 жители.
Оваа статија место во Австралија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |