Тиморско Море

море

Координати: 11°32′2″N 126°1′35″E / 11.53389° СГШ; 126.02639° ИГД / 11.53389; 126.02639

Тиморското Море е дел од Индискиот Океан и се наоѓа помеѓу островот Тимор на север и Австралија на југ. На исток се наоѓа Арафурското Море кое е дел од Тихиот Океан. Во Тиморското Море спаѓаат Бонапартовиот Залив и заливот Ван Димен на северниот брег на Австралија. Единствен голем град на неговите области е австралискиот град Дарвин. Морето е долго 480 километри и има површина од 610.000 км2, најголемата длабочина која што морето ја достигнува е 3.300 метри во северниот дел. Најголеми острови во меорето се: Мелвил, Ашмор и островот Картие.