Голем Корален Гребен
Големиот Корален Гребен (англиски: Great Barrier Reef) е најголемиот корален гребен во светот и се протега во должина од 2.030 км крај североисточниот брег на Австралија. Се наоѓа во водите на сојузната држава Квинсленд и е прогласен од УНЕСКО за светско природно наследство во 1981 г. Големиот Корален Гребен е една од најголемите туристички атракции во Австралија.Гребенот со еден дел ги следи природните острови, односно врвовите на одамна потонатиот планински венец. Неговата инзвонредна разновидност потекнува од 3.000 корални гребени, острови, атоли и лагуни од кои секој се наоѓа во различна фаза од развојот.Коралните гребени се резултат од активност која траела 10.000 години, а во исто време океаните се подигнале до денешно ниво, по завршувањето на последниот леден период.
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Критериум | Природно: vii, viii, ix, x |
Навод | 154 |
Запис | 1981 (5-то заседание) |
Градба на Големиот Корален Гребен
уредиГрадителите на оваа инзвонредна творба, всушност се милиони ситни корални полипи, а бројот на нивните видови се движи до 350. Тие се во сродство со медузите , а секој од нив има уста што е опкружена со венец со подвижни пипала.Секој полип може да вцица калциум карбонат и да го претвори во варовничка кора која, кога ќе ја размножиме неколку милијарди пати, создава корален гребен.
Но полипот своето варовничко засолниште го дели со ситните растенија наречени ''zooxanthellae''. Тие со помош на светлината ги претвораат јаглеродниот диоксид и водата во јаглехидрати и кислород. Полипите ги апсорбираат тие соединенија, а на растенијата за возврат им даваат нитрати и други отпадни материи. Поради тоа, коралните гребени можат да се создадат само на место до кои допира сончевата светлина, односно во бистра вода, длабока до 40 м.
Изобилство од корали и опасностите што им се закануваат
уредиПостојат меки и тврди корали со различни облици и големини:некои изгледаат како рогови, други личат на камшици и ладала;некои се доволно цврсти за да можат да ги поднесат ударите на брановите, други се толку нежни што можат да преживеат само во мирни води.Некои видови растат побрзо од другите, ги засенуваат и им крадат светлина. Други користат отровни пипала за да ја победат конкуренцијата, или пак, во водата испуштаат смртоносни хемиски соединенија.
На тие опасности треба да им се додадат и грабливците како што е рибата папагал што со својата вилица ги џвака коралите и морската ѕвезда наречена круна од боцки, која го шири својот желудник и така ги вари. Тие морски ѕвезди периодично се појавуваат во голем број и тогаш уништуваат цели гребени. Океанските бури и циклони, исто така, ги мелат и ги кинат коралите, претворајќи ги во прав. Дење во плитките води на коралните гребени не е мирно но најголемата активност, сепак, се случува ноќе. Коралните полипи се хранат ноќе, исфрлувајќи ги своите разнобојни пипала за да ги фатат ситните животинки и растенија наречени планктони. Кога ќе се појават милијарди пипала изгледа како да процветал целиот гребен. Дење тоа не може да дојде, бидејќи краците би ги затскриле од сонцето алгите zooxantellae.
Напролет во одредени ноќи се случува по должината на целиот гребен на некаков хемиски или светлосен зрак целата популација од полипи реагира испуштајќи портокалови, црвени,сини и зелени честички од јајце-клетки и сперматозоиди кои испливуваа на површината и ја покриваат со силни бои.Тие честички се отвораат и јајце-клетките и спрематозоидите се мешаат за да создадат нови полипи, кои приливот ќе ги однесе во потрага по соодветно слободно место каде ќе можат да започнат нов корален гребен.
Жив свет на Големиот Корален Гребен
уредиКоралниот гребен непрекинато расте.А штом ново парче од коралот ќе ја пробие морската површина на него веднаш се појавува капа од бел песок , каде почнуваат да растат растенијата.Големиот гребен е прашума во океанот. Во неа коралите заземаат места на дрвја и растенија, а рибите и мекотелите ги заменуваат животните и птиците. Богатството и разновидноста на живите видови се исти, а и борбата во сето тоа да се најде место еднакво е тешка. Крај 150 видови риби, односно 100.000 единки на секој хектар корален гребен, конкуренцијата е жестока. Секаде наоколу владеат бои-бои со кои се привлекува, зад кои се крие или со чија помош се залажува противникот. Белоцрвените каури-школки или црвените корални пастрмки со сини очи се стопуваат со карпестата заднина. Некои други како што се пурпурните и сребрените костороги кловнови имаат пруги со кои се камуфлираат. Некои видови, како на пример, рибата лист можат да ја сменат бојата за да се вклопат во околината.
Начини за доаѓање до храна
уредиРазличните видови се хранат на различен начин. Камените риби личат на карпите меѓу коишто лежат, а убиваат со своите смртоносни боцки.Вобегонг е вид ајкула чија кожа има реси што потсетуваат на морска трева и таа лежи и чека жртви. Секогаш алчниот Ocyurus chrisurus лови во плитката вода и голта сè што ќе му се најде на патот. Малку почистата риба од фамилијата смоквички што од другите риби ги симнува оштетената кожа и паразитите е имуна на сите напади.
Јатата харинги и ципали ловат помали риби, а нив ги демнат ајкулите со црни перки, делфините и баракудите. На оддалечениот дел од коралниот гребен најголемите грабливци (големата бела ајкула и тигрестата ајкула) ги демнат делфините и желките.
Најголема опасност
уредиГолемиот Корален Гребен е еден од најживите и најдобро поврзани екосиситеми. Наедно и рамнотежата во него е најчувствителна. Ако само еден вид од ова живеалиште се изложи на притисок, тоа би можело да има катастрофални последици за сите.Коралниот гребен може да ги поднесе и бурите и бесот на морето, но на почетокот на 21 век на најголема опасност го изложува современиот човек. Абориџините со векови ловеле риби и други животни крај коралниот гребен и не го оштетиле. Копањето гуан(птичји измет) во 19 век, неконтролираниот риболов, ловот на китови и вадењето бисери, оставиле свои траги.
Со прогласувањена оваа област за национален парк, прекинати се многу од овие опасни активности.Туризмот исто така е под постојан надзор.И покрај тоа, некои научници тврдат дека канализацијата од туристичките објекти неодамна предизвикала експлозија кај популацијата на морските ѕвезди наречени круна од боцки и дека остатоците од храната од хотелите што се фрлаат во морето предизвикале десеткратно зголемување на бројот на галебите и драматично зголемување на смртноста кај малите желки и младите птици.
Истражувања
уредиГолемиот Корален Гребен е еден од најубавите украси на нашата планета, чија убавина се гледа дури и од Месечината. Необично е тоа што првите Европејци кои го виделе гребенот употребиле толку малку зборови за него. Се разбира станува збор за морепловци кои имале поголеми грижи од опишување на природните убавини.
Во 1606 г. бурата го натерала Шпанецот Луис Баез де Торес, да го заобиколи врвот Квинсленд и да помине крај протокот кој денес го носи неговото име (Торесов Проток). Потоа дошол капетанот Џемс Кук, чиј брод во 1770г. се закачил и тешко се оштетил меѓу надворешниот гребен и копното. Тогаш во 1789 дошол капетанот Блај, кој верните и изгладнети членови на екипажот на Баунти ги спровел низ премините преку гребенот и ги однел до мирните води крај брегот. Кај Џозеф Бенгс, ботаничарот од бродот на Кук, гребенот предизвикал стравопочит. Откако неговиот брод бил поправен тој напишал: ,,Гребен како што е овој каде штотуку поминавме е нешто што во Европа воопшто не постои, а не постои ниту на друго место освен во овие мориња. Тоа е ѕид од корална карпа кој се издигнува од бесконечниот океан...". Иако за растење на коралот е потребно плитко море со многу сончева светлина, Бенгс имал право кога рекол дека Големиот Корален Гребен е единствен.
Надворешни врски
уреди„Голем Корален Гребен“ на Ризницата ? |
- Морски парк Голем Корален Гребен
- Научноистражувачки центар за Големиот Корален Гребен Архивирано на 2 март 2014 г.
- Голем Корален Гребен — Светски фонд за природа
- Нуркање на Големиот Корален гребен — National Geographic
Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |