Австралиска Антарктичка Територија

Австралиска Антарктичката Територија (ААТ) — дел од Источен Антарктик управуван од Австралиската антарктичка дивизија, агенција на федералниот Оддел за земјоделство, вода и животна средина. Во 1841 година Обединетото Кралство ја прогласило Ендербиевата Земја за своја територија, која потоа била проширена и во 1933 година била пренесена во владение на Австралија. Ова е најголемата територија на Антарктикот која некоја нација ја поседува. Во 1961 година стапил на сила Антарктичкиот договор. Членот 4 се однесува на територијални претензии, кој иако не ги одзема или намалува поранешните тврдења за суверенитет, тој исто така не ја нарушува позицијата на договорните страни во нивното признавање или непризнавање на територијалниот суверенитет. Како резултат на тоа, само четири други земји - Нов Зеланд, Обединетото Кралство, Франција и Норвешка - го признаваат барањето на Австралија за суверенитет на Антарктикот.[1]

Австралиска Антарктичка Територија
Australian Antarctic Territory
Знаме на Австралиска Антарктичка Територија
Знаме
Карта на Антарктикот која ги покажува Австралиските територијални претензии(црвеното подрачје)
Карта на Антарктикот која ги покажува Австралиските територијални претензии(црвеното подрачје)
Суверена државаАвстралија
Прогласена за Британска територија1841
Пренос на владение на Австралија1933
Главна базаСтаница Дејвис
68°34′36″S 77°58′03″E / 68.576667° ЈГШ; 77.9675° ИГД / -68.576667; 77.9675
Службени јазициАнглиски
УправаЗависност под уставна монархија
Елизабета II
Дејвид Харли
Сузан Леј
• Главен научен советник
Гвен Фентон
Површина
• Вкупна
5,896,500 км2
Население
• Проценка
помалку од 1,000
ВалутаАвстралиски долар (AUD)
Повик. бр.+672 1x
НДД

Површина

уреди

Австралиска Антарктичката Територија ги опфаќа сите острови и територијата јужно од 60°S и помеѓу 44°38'E и 160°E, без Аделина земја (136°E до 142°E), која ја дели оваа територија на западна AAT (поголемиот дел) и источна ААТ.[2] На запад се граничи со Земјата на кралицата Мод, а на исток со Росова Зависност. Австралиска Антарктичката Територија е најголема територија на континентот и зафаќа скоро 5,9 милиони квадратни километри,[3] што е околу 42% од Антарктикот.[4]

Територијата е претежно населена со работниците во истражувачките станици. Австралиската антарктичка дивизија управува со областа преку одржување на тригодишни станици - Мосон, Дејвис и Кејси - во кои се изведуваат различни истражувачки проекти.[5]

Административни единици

уреди
 
Карта на области на австралиската антарктичка територија
  Enderby Land
  Кемпова Земја
  Мак. Робертсонова Земја
  Земја на Принцезата Елизабета
  Земја на Вилхелм II
  Земја на Кралицата Марија
  Вилксова Земја (ги покажува помалите единици)
  Земја на Џорџ V
  Оутсова Земја

Територијата е поделена на девет области (од запад кон исток):[6]

бр. округ Површина (км 2 ) Западна граница Источна граница
1 Ендербиева Земја 044°38' E 056°25' E
2 Кемпова Земја 056°25' E 059°34' E
3 Мак. Робертсонова Земја 059°34' E 072°35' E
4 Земја на Принцезата Елизабета 072°35' E 087°43' E
5 Земја на Вилхелм II 087°43' E 091°54' E
6 Земја на Кралицата Марија 091°54' E 100°30' E
7 Вилксова Земја 2.600.000 100°30' E 136°11' E
8 Земја на Џорџ V 142°02' E 153°45' E
9 Оутсова Земја 153°45' E 160°00' E

Овие региони географски се поделени на две посебни области, при што Земјата на Џорџ V и Оутсовата Земја се наоѓаат на исток од прогласената француска територија Аделина Ленд, а сите други области се наоѓаат на запад.

Ексклузивна економска зона

уреди

Австралија полага право на ексклузивна економска зона (ЕЕЗ) од австралиската антарктичка територија. Но, австралиската ЕЕЗ на Антарктикот е оспорена. Според член IV од Антарктичкиот договор од 1959 година (кој забранува нови територијални претензии или проширување на постоечките териториски права на Антарктикот) не може да се полага право на ЕЕЗ за територија која е прседмет на тој договор (јужно од 60°S). Со одредбите од Конвенцијата на Обединетите нации за морското право (UNCLOS) ексклузивната економска зона на крајбрежна држава се дефинира до 200 наутички милји (370 км) од основната линија од која се мери територијалното море.[7]

Лов на китови

уреди

Законот против ловење китови донесен од Австралиската влада се однесува на австралиските територијални води. Сепак, претензиите на Австралија за суверенитет над австралиската антарктичка територија - а со тоа и суверенитет над територијалните води на Австралискиот Антарктик - ги признаваат само Обединетото Кралство, Нов Зеланд, Франција и Норвешка.[8]

Станици

уреди
 
Станица Дејвис

Активни и затворени станици на територијата, од Запад кон Исток:

Станица Статус Држава Место Област
Младјожнаја Сезонска   Русија 67°40′S 45°51′E / 67.667° ЈГШ; 45.850° ИГД / -67.667; 45.850 Eндербиева Земја
Мосон Постојана   Австралија 67°36′09.7″S 62°52′25.7″E / 67.602694° ЈГШ; 62.873806° ИГД / -67.602694; 62.873806 Мак Робертсонова Земја (Мосонов брег)
Сојуз Затворена   Русија 70°35′S 68°47′E / 70.583° ЈГШ; 68.783° ИГД / -70.583; 68.783 Мак Робертсонова Земја (Земја на Ларс Кристенсен)
Дружнаја Затворена   Русија 69°44′S 72°42′E / 69.733° ЈГШ; 72.700° ИГД / -69.733; 72.700 Земја на Принцезата Елизабета (Земја на Ингрид Кристенсен)
Бхарати Постојана   Индија 69°24′S 76°11′E / 69.400° ЈГШ; 76.183° ИГД / -69.400; 76.183 Земја на Принцезата Елизабета (Земја на Ингрид Кристенсен)
Џунгшан Постојана   Кина 69°22′S 76°22′E / 69.367° ЈГШ; 76.367° ИГД / -69.367; 76.367 Земја на Принцезата Елизабета (Земја на Ингрид Кристенсен)
Лав Раковица Сезонска   Романија 69°23′18.6″S 76°22′46.2″E / 69.388500° ЈГШ; 76.379500° ИГД / -69.388500; 76.379500 Земја на Принцезата Елизабета (Земја на Ингрид Кристенсен)
Станица Прогрес Постојана   Русија 69°23′S 76°23′E / 69.383° ЈГШ; 76.383° ИГД / -69.383; 76.383 Земја на Принцезата Елизабета (Земја на Ингрид Кристенсен)
Дејвис Постојана   Австралија 68°34′35.8″S 77°58′02.6″E / 68.576611° ЈГШ; 77.967389° ИГД / -68.576611; 77.967389 Земја на Принцезата Елизабета (Земја на Ингрид Кристенсен)
Советскаја Затворена   Русија 77°58′S 89°16′E / 77.967° ЈГШ; 89.267° ИГД / -77.967; 89.267 Земја на Вилхелм II
Мирни Станица Постојана   Русија 66°33′S 93°01′E / 66.550° ЈГШ; 93.017° ИГД / -66.550; 93.017 Земја на Кралицата Марија
Космополскаја Затворена   Русија 74°05′S 97°29′E / 74.083° ЈГШ; 97.483° ИГД / -74.083; 97.483 Земја на Кралицата Марија
Восток Постојана   Русија 78°28′S 106°48′E / 78.467° ЈГШ; 106.800° ИГД / -78.467; 106.800 Вилксова Земја (Ноксова Земја)
Вилкс Станица Затворена   Австралија 66°15′25.6″S 110°31′32.2″E / 66.257111° ЈГШ; 110.525611° ИГД / -66.257111; 110.525611 Вилксова Земја (Бадова Земја)
Кејси Постојана   Австралија 66°16′54.5″S 110°31′39.4″E / 66.281806° ЈГШ; 110.527611° ИГД / -66.281806; 110.527611 Вилксова Земја (Бадова Земја)
Конкордија станица

(Дом Ц)
Постојана   Франција

  Italy
75°06′S 123°23′E / 75.100° ЈГШ; 123.383° ИГД / -75.100; 123.383 Вилксова Земја (Банзарева Земја)
Ленинградскаја Затворена   Русија 69°30′S 159°23′E / 69.500° ЈГШ; 159.383° ИГД / -69.500; 159.383 Оутсова Земја

Историја

уреди

На 9 јануари 1841 година Обединетото Кралство ја прогласило Викториината Земја за своја територија, а потоа во 1930 и Ендербиевата Земја. Во 1933 година, најголемиот дел од територијата јужно од 60°S и помеѓу 160° и 45° источен меридијан се дал во владение на Австралија.

Делот од владението на Неговото Височество во Антарктичките мориња што ги опфаќа сите острови и територии освен Аделината Земја, кои се наоѓаат јужно од 60-тиот степен на Јужна географска широчина и лежат помеѓу 160-от степен од источната географска должина и 45-от степен од источната географска должина, со ова се става под надлежност на Комонвелтот на Австралија.[9]

Закон за прифаќање на австралиската антарктичка територија од 1933 годинаДелот од територијата во антарктичките мориња кој се состои од сите острови и територии, освен Аделината Земја, сместени јужно од 60-тиот степен јужна географска ширина и кои се наоѓаат помеѓу 160-тиот степен источна географска должина и 45-тиот степен источна географска должина, со ова се прогласува за прифатен од Комонвелтот како Територија под власт на Комонвелтот, под името Австралиска Антарктичка Територија.

Границите со Аделината Земја биле маркирани во 1938 година. Во 1947 година, Британија ги придодала и островот Херд и Мекдоналд островите кон ААТ. На 13 февруари 1954 година,[10] била основана првата австралиска станица на континентот - Мосон.

Признавање на австралискиот суверенитет

уреди

Австралискиот суверенитет над Австралиска Антарктичката Територија е признат од Обединетото Кралство, Нов Зеланд, Франција и Норвешка.[11] Јапонија не го признава австралиското право врз Австралиските антарктички територијални води во кои јапонските бродови ловат китови.

Рударство на Антарктикот

уреди

Во текот на 1980-тите имало кратка дебата во Австралија за тоа дали да се дозволи рударството на континентот богат со минерали.[12] Дадени биле неколку предлози за рударство и сите се отфрлени.[13]

Глобалниот договор за забрана на експлоатација на ресурси ќе биде ревидиран во 2041 година,[14] и некои држави ќе може да одлучат да се повлечат од него ако се земат предвид минералните наоѓалишта на континентот. Таму има јаглен, манган, железо и ураниум, додека проценетите нафтени резерви Антарктикот се меѓу најголемите во светот по Саудиска Арабија и Венецуела.

Поштенски марки

уреди
 
Поштенска марка од 1959 година со која се одбележува отворањето на поштата Вилкс

Австралија издава поштенски марки за Австралиска Антарктичката Територија. Првите марки се појавиле во 1957 година, а потоа повремени се издавале до 1990-тите. Тематиката на марките е Антарктикот и важат за поштенски услиги во Австралија и нејзините територии, заедно со Антарктикот.

Телефонски повикувачки броеви

уреди

На ААТ доделен е повикувачкиот број +672 1[0-4] XXXX. Подрачните броеви се 10 за Дејвис, 11 за Мосон, 12 за Кејси, 13 за Остров Мекквари и 14 за Вилкинс и Аурора Аустралис, по кои секогаш следуваат четири цифри.

Население

уреди

До мај 2018 година ААТ имала население од околу 80 луѓе во текот на зимата и 200 во текот на летото.[15]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Humane Society International Inc v Kyodo Senpaku Kaisha Ltd FCA 3 (15 January 2008), Federal Court of Australia, §13.
  2. „Australian Antarctic Territory“. antarctica.gov.au (англиски). Посетено на 2019-10-05.
  3. „National recovery plan for Albatrosses and Giant-petrels: Section 4.1.6 Australian Antarctic Territory, Geography“. Australian Government, Department of the Environment, Water, Heritage and the Arts. Архивирано од изворникот на 17 August 2008. Посетено на 2008-07-16.
  4. „Australian Antarctic Territory“. www.antarctica.gov.au (англиски). Посетено на 2021-11-09.
  5. The Parliament of the Commonwealth of Australia (2018). Maintaining Australia’s national interests in Antarctica: Inquiry into Australia’s Antarctic Territory. Joint Standing Committee on the National Capital and External Territories.
  6. „The Australian Antarctic Territory: History and Present Status“. WorldAtlas (англиски). 2020-02-04. Посетено на 2021-11-09.
  7. „Part V. Exclusive Economic Zone. Article 57. Breadth of the exclusive economic zone“. United Nations Convention on the Law of the Sea. Посетено на 15 January 2018.
  8. "An honorable way out of the whaling débâcle", Sydney Morning Herald, 19 January 2008
  9. Antarctica and international law: a collection of inter-state and national documents, Volume 2. pp. 143. Author: W. M. Bush. Editor: Oceana Publications, 1982. ISBN 0-379-20321-9, ISBN 978-0-379-20321-9
  10. „A Brief History of Mawson“. Australian Government – Australian Arctic Division. Архивирано од изворникот на 27 July 2008. Посетено на 2008-07-16.
  11. „Chapter 6: Antarctic Territories“ (PDF). Parliament of Australia. Архивирано од изворникот (PDF) на 26 June 2008. Посетено на 2013-03-29.
  12. „Mining“. In the 1980s the question of possible mineral exploitation (including the hydrocarbons oil and gas) was addressed by the nations of the Antarctic Treaty. They negotiated an agreement called the Convention on the Regulation of Antarctic Mineral Resource Activities (CRAMRA) which would have regulated mining should it have ever been contemplated. CRAMRA did not come into force. Instead, the Madrid Protocol was negotiated and it includes a ban on Antarctic mining. Australian Government. Посетено на 26 June 2013.
  13. „No mining in Antarctica, say Aussies“. Despite the current global appetite for minerals, which has underpinned two decades of economic growth in Australia, the country currently has no plans to allow any mining in Antarctica. IOL. Посетено на 26 June 2013.
  14. Swan, Robert. „2041“. In the year 2041 the Protocol on Environmental Protection to the Antarctic Treaty could potentially be modified or amended. 2041.com. Архивирано од изворникот на 5 August 2013. Посетено на 26 June 2013.
  15. The Parliament of the Commonwealth of Australia (2018). Maintaining Australia’s national interests in Antarctica: Inquiry into Australia’s Antarctic Territory. Joint Standing Committee on the National Capital and External Territories

Надворешни врски

уреди

75°00′S 102°30′E / 75.000° ЈГШ; 102.500° ИГД / -75.000; 102.500