Голем Австралиски Залив

Големиот Австралиски Залив е отворен залив на југот од Австралија. Се простира помеѓу равницата Нуларбор на север и Р'тот Пејзли на запад, Р'тот Карнот на исток во должина од околу 1,200 километри. Територијално припаѓа на соединетите држави на Јужна Австралија и Западна Австралија. Големиот Австралиски Залив е дел од Индискиот Океан. Бреговите на заливот се прилично стрмни со клифофви кои достигнуваат висина и до 60 метри. Првиот човек којшто запловил по овој залив бил холандскиот морепловец Тисен во 1627 година. Конечниот опис на заливот го дале Метју Флиндерс и Едвард Џон Ејр. Населеноста на бреговите е мала, така што има повеќе мали населби како Јукла, Ејр, Фолерс Беј и др. На источниот брег има повеќе расфрлани помали острови. Длабочината на заливот изнесува 200 метри на 200 километри од бреговите.

Големиот Австралиски Залив

Поврзано

уреди

Литература

уреди
  • Географски атлас, Геокарта, Белград, 2000. година