Џонатан „Џони“ Ли Милер (роден на 15 ноември 1972 г.) — англиски филмски, телевизиски и театарски глумец.

Џони Ли Милер
Милер на San Diego Comic Con International во 2012 година
Роден(а)Џонатан Ли Милер
15 ноември 1972(1972-11-15)(52 г.)
Лондон, Англија
ДржавјанствоБританско, Американско
ЗанимањеГлумец
Активен период1983-сè уште
Сопружник
ДецаЕден син
РодниниБернард Ли (дедо)

Тој постигнал почетен успех со неговите изведби како Сајмон „Сик Бој“ Вилијамсон во Трејнспотинг (1996) и како Дејд Марфи во Хакери (1995), пред да добие дополнително критичко признание за изведбите во филмовите Afterglow (1997), Менсфилд Парк (1999), Летечкиот Шкот (2006) и Крај на играта (2009). Тој исто така играл главна улога во филмовите Мелинда и Мелинда (2004), Мрачни сенки (2012) и Византија (2013). Милер се појавил во неколку театарски претстави на Бродвеј, пред сè во По Госпоѓица Џули и Франкенштајн, а за втората добил Оливие награда за најдобар глумец.[1]

Милер глумел главна улога во серијата Ели Стоун за која добил номинација за наградата Сателит за најдобар глумец. Потоа тој играл главна улога во костимираната драма Ема и споредна улога во петтата сезона од серијата Декстер. Тој моментално го игра Шерлок Холмс во криминалната серија Елементарно за која добил втора номинација за наградата Сателит за најдобар глумец.[2]

Младост

уреди

Дедо на Џони Ли Милер бил Бернард Ли, познат по улогата на ликот M во старите филмови со Џејмс Бонд. Неговиот татко, Алан Милер, бил театарски глумец, а подоцна работел како сценски менаџер во Би-Би-Си. Неговата мајка, Ен, исто така работела во театар. Милер има пријатни спомени од времето кога со сестра му присуствувале на правењето на Top of the Pops и Blue Peter.[3]

Се школува во Тифин Бојс Скул (Tiffin Boys' School) во Кингстон на Темза каде што се здобил со првите глумечки искуства и свирел во Тифин Свинг Бенд (Tiffin Swing Band). Го напушта училиштето на 17 години, во потрага по глумечка кариера.[4]

Кариера

уреди

По еден период учество во сапунската серијаEastEnders“ како Џонатан Хјуит, Џони Ли Милер го прави својот пробив во филмската индустрија со филмотХакери“ (1995), заедно со Анџелина Џоли, со која се жени следната година. Се разделуваат една година подоцна и конечно се разведуваат во 1999.

Во 1997, Милер учествува во основањето на продукциската куќа „Natural Nylon“, заедно со пријателите Џуд Ло, Седи Фрост, Јуан Мекгрегор, Шон Пертви, Дејмон Брајант и Бредли Адамс. Natural Nylon згаснува во 2003.

Покрај „EastEnders“, се појавува на телевизија во модернизацијата на „The Canterbury Tales“ како Арти и како Лорд Бајрон во филм на Би-Би-Си за животот на поетот. Работи на американската телевизиска серијаSmith“ (Си-Би-Ес, 2006). Првото појавување на американска телевизија го прави со серијата „Dead Man's Walk“ од 1996.

Некое време по „Хакери“, Милер се појавува во „Trainspotting“ (1996), што му носи огромна слава. Ја игра улогата на Сик Бој (Sick Boy), според препорака од Јуан Мекгрегор. Акцентот што го користи во филмот е долку убедлив што натерал многу луѓе да мислат дека навистина е Шкотланѓанец.

Во 1997, го игра Били Прајор во филмската верзија на романот на Пет Баркер, „Регенерација“, а во 2000 ја игра улогата на Камерон Коли во филмот „Complicity“, заснован на книгата од шкотскиот писател Ајан Бенкс. Во 2000 година, се појавува како Сајмон Шепард во филмот Дракула 2000 на Вес Крејвен.

Во 2005, бил меѓу конкурентите за улогата на Џејмс Бонд, како замена за ирскиот глумец Пирс Броснан. Улогата му беше доделена на британскиот глумец Даниел Крег. Следната година, Милер го игра бициклистот Грејам Обри во „Летечкиот Шкот“.

Во 2007, Милер бил одбран за улога во новата серија на „Еј-Би-Си“, „Ели Стоун“. Треба да игра лик кој е адвокат и кој верува дека можеби е пророк.[5]

Приватен живот

уреди

Џони Ли Милер воглавно не зборува многу за својот личен живот. Во 1996 се жени со глумицата Анџелина Џоли. Се разделуваат една година подоцна и се разведуваат во 1999. Од тогаш, се состанувал со неколку познати жени, а од 2006 се гледа со глумицата и моделка Мишел Хикс.[6]

Милер исто така е поддржувач на Ф. К. Челси.[7] Исто така учествува на маратони од забава, често како поддршка за добротворната организација Менкап (Mencap).

Има многу тетоважи по телото. Три од нив (Издржливост, Истрајност и Дисциплина) веројатно се поврзани со неговиот интерес спрема маратоните. Милер исто така љуби и да свири на саксофон.

Играни филмови

уреди

Сериски филмови

уреди
  • Ели Стоун (Eli Stone) (2007)
  • Смит (Smith) (2006)
  • Бајрон (Byron) (2003)
  • The Canterbury Tales (2003)
  • Dead Man's Walk (1996)
  • Месо (Meat) (1994)
  • EastEnders (1985) (1992)
  • Prime Suspect 3 (1993)
  • Olly's Prison (1993)
  • Goodbye Cruel World (1992)
  • Dead Romantic (1992)
  • Keeping Up Appearances (1990)
  • Itch(1989)
  • Менсфилд парк (Mansfield Park) (1983)

Белешки

уреди
  1. Harri Sargeant. „Benedict Cumberbatch and Jonny Lee Miller win joint Olivier award“. Hypable. Архивирано од изворникот на 2014-03-01. Посетено на 17 February 2014.
  2. Gregg Kilday. „Satellite Awards Nominates 10 Films for Best Motion Picture“. The Hollywood Reporter. Посетено на 17 February 2014.
  3. Do you wanna be in my gang“ од The Telegraph, jonnyleemiller.co.uk
  4. „Џони Ли Милер“, Star Bios, tribute.ca
  5. "Coming Soon" Архивирано на 30 септември 2007 г., comingsoon.net
  6. Notting Hill TV Архивирано на 16 октомври 2007 г., mynottinghill.co.uk
  7. „Познати поддржувачи на Челси“

Надворешни врски

уреди